Огромна разлика: Како изгледаме по 6, а како по 8 часа сон?

Не е тајна дека добриот сон е клуч за добро здравје.И додека мнозинството луѓе сметаат дека осум часа е „мерка“ за сон, постојат и оние кои тврдат дека им е сосем доволно да спијат само шест часа.
Сара Чалмерс има 46 години и е од Велика Британија. Неодамна учествуваше во експеримент чија цел било да се одговори на прашањето: Колку часа сон е потребно на еден човек, осум или шест?
На почетокот на истражувањето, научниците ја анализирале состојбата на кожата. На крајот од експериментот порите на лицето се зголемиле за 100%, а кожата изгледала многу полошо.
„Изгледав многу постаро. Имав темни подочници, а кожата ми изгледаше очајно. Почнаа да ми се појавуваат и акни на брадата. Мразев да се гледам во огледало. Лесно се заморував и бев многу раздразлива“, вели Сара.
За време на првиот дел од експериментот, Сара спиела само 4 часа, од 2 до 6 часот наутро. Вели дека во овој период не била премногу уморна, но и се чинело дека не спие: „Околу три часа попладне, секој ден, имав некое чудно чувство слично на мамурлак“.
Во вториот дел од експериментот, Сара спиела 5 до 6 часа. Уште во првите 3 дена се чувствувала многу уморна и јадела повеќе слатки за да се „наполни“ со енергија.

Докторите го објаснуваат ова вака: „Недостатокот на сон води до лачење на кортизолот, хормон за стрес. Заради ова, личноста е прилично нервозна. Недостатокот на сон ги активира и масните жлезди, и кожата се масти, а се запира и производството на хормонот на раст што има задача да го врати „системот“ на нашиот организам на оптимално ниво“.
За крај, во последниот дел од експериментот, Сара спиела најмалку 8 часа секоја ноќ. Позитивните промени брзо се случиле. Веќе за 7 дена, исчезнале проблемите со кожата, како и стресот, нервозата…Ајде, што чекате? Брзо на спиење!И додека мнозинството луѓе сметаат дека осум часа е „мерка“ за сон, постојат и оние кои тврдат дека им е сосем доволно да спијат само ш

Пронајдете не на следниве мрежи: