Неверојатно прецизен јапонски ТЕСТ на карактерот!

Јапонските психолози создадоа тест со кој може да се дознае се за карактерот на една личност.

Тестот е наречен „Коцка“, и со психолошка игра ги открива аспектите од личноста што можеби не сме ги знаеле.

Обидете се да замислите неколку работи, а може и да си запишете или да нацртате.

Најпрво, замислете си дека одите во пустина, и наеднаш гледате коцка.
Колку е голема и од каков материјал е? И колку е оддалечена од земјата?
Понатаму, некаде во близина на коцката замислете скала.
Каде се наоѓа во однос на коцката, и од што е направена?
Следно, некаде во оваа слика замислете си коњ.
Дали има седло или узди и што прави?
Понатаму, замислете цветови.
Колку цветови има и колку се оддалечени од коцката?
За крај, замислете дека се ближи бура.
Колку е блиску бурата до коцката, скалата, коњот и цветовите? Дали се плашите од неа?
Откако го замисливте и запамтивте сево ова, време е за резултатите:

Големината на коцката ја претставува големината на вашето его. Колку коцката е прозирна, означува колку сте отворени кон другите луѓе. Колку е поблиску до тлото, толку повеќе сте приземјена личност.

Растојанието меѓу скалата и коцката покажува колку сте блиски со пријателите. Ако скалата е потпрена на коцката, значи дека пријателите можат да ја очекуваат вашата поддршка. Колку е поцврст материјалот од кој е направена скалата, толку се посилни вашите врски со пријателите.
Коњот ја означува љубовната врска. Ако е зауздан и со седло, значи дека сакате поголема контрола во врската. Ако пак е див, значи дека не сакате обврски во љубовта.

Колку повеќе цвеќиња замисливте, толку повеќе деца сакате да имате. А колку се тие поблиски до коцката, толку повеќе размислувате на деца.

Бурата го претставува стресот во животот. Колку што е поблиску и поагресивна, толку повеќе сте под стрес.

Дали тестот беше прецизен за вас?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.