На југот на Северна Америка, и на северниот дел од Јужна Америка расте дрво кое е толку отровно, што не се препорачува ни да се стои под него кога врне.Во 1999 Никола Стрикланд со пријател отишла на карипскиот остров Тобаго, каде што со своите пријателки одлучила да ги вкуси плодовите на едно навидум сосем обично дрво скриено меѓу дрвјата на мангото и кокосите. Меѓутоа, веќе по неколку секунди слаткиот вкус станал лут и тежок за голтање.
Дрвото чиј плод го обрале било дрвото манчинела, кое се нарекува уште и „дрво на смртта“, и бидејќи плодот личи на оној од јаболко, „јаболко на смртта“. Името е дадено со причина, со оглед на фактот дека станува збор за најотровното дрво на светот, како што се наведува во „Гинисовата книга на рекорди“. Згора на тоа, институтот за храна и агрикултура на Флорида истакнува дека сите делови на дрвото манчинела можат да бидат исклучително отровни и дека интеракцијата со било кој негов дел, а особено голтањето, можат да бидат смртоносни.
Отровот во ова дрво е толку силен, што не се препорачува ни да се стои под него додека врне: органското соединение форбол се раствора со вода, и дури и во тој облик може да предизвика тешки рани.
Со оглед на тоа колку се отровни, некои од стеблата во некои територии се покриени со црвени крстови или со предупредувачки натписи за неупатените минувачи. Веројатно сега ќе се запрашате: Ако се толку опасни, тогаш зошто едноставно не ги исечеме? Дрвото манчинела е многу важно во локалните екосистеми во кои живее и се смета за најзаслужно во одбраната од ерозија на плажите на централна Америка.
До денес се забележани мноштво повреди на очите, привремено слепило, проблеми по вдишување на извесни делови од билката, како и смртни случаи. Сепак, карипските столари го користат ова дрво со векови бидејќи успеале да ја откријат тајната како прецизно да се ослободат од отровот сушејќи го дрвото на сонце.
Никола Стрикланд и пријателот, сепак не настрадале откако го пробале плодот, бидејќи загризале многу мало парче, а потоа во 2000 година списанието The British Medical Journal ја објавува статијата во која таа детално ги опишува сите симптоми. „Агонијата траеше цели 8 часа“, пишува таа. Таа цело време пиела млеко за да ја ублажи жештината што ја чувствувала додека токсинот се спуштал во лимфните јазли.Во 1999 Никола Стрикланд со пријател отишла на карипскиот остров Тобаго, каде што со своите пријателки одлучила да ги вкуси плодовите на едно навид



