Хотелите во САД ја сметаат собата со број 420 за проколната. Еве зошто!

Причината поради која хотелите во САД ја избегнуваат собата, поточно бројката 420 е навистина интересна.Имено, бројот 420 (4:20 или 4/20) е број кој се поврзува со канабисот, со оглед на тоа што 20 април во САД се слави како Денот на канабисот.
Некои хотели во Америка одат толку далеку, што собата 420 ја обележуваат со знакот 419 + 1 на вратата.
Целта е да ги обесхрабрат луѓето да консумираат марихуана во „озлогласената“ соба 420, но и да не им падне на памет како спомен од престојот, да го украдат знакот 420 што е закачен на вратата.
Верувале или не, во еден хотел во Колорадо знакот 420 на вратата бил толку многу пати краден, што сопствениците со боја го напишале бројот на самата врата, за да нема што да се украде.
Некои други хотели го решиле тој проблем така што едноставно немаат соба со број 420, туку од 419 се преминува на собата со број 421.Имено, бројот 420 (4:20 или 4/20) е број кој се поврзува со канабисот, со оглед на тоа што 20 април во САД се слави како Денот на канабисот.

Пронајдете не на следниве мрежи: