Американскиот астроном Сет Шостак го сподели мислењето дека XXI век е последниот за човештвото од овој вид, кој го познаваме. Според него, наскоро „старото човештво“ ќе биде заменето со „деца на дојденци“.Овој 72-годишен научник смета дека достигнувањата во областа на дизајнот на бебиња и развојот на вештачката интелигенција, ќе доведат дотаму што претставниците на новиот вид разумни суштества ќе почнат да доминираат на планетата кон 2100 година, пишува Daily Mail.
Шостак смета дека до тоа време, научниците ќе постигнат успеси во разбирањето на биологијата на молекуларно ниво и ќе можат да ги лекуваат сите болести. Покрај тоа, научникот е на мислење дека луѓето ќе почнат да добиваат минерали на соседните планети и постепено ќе ги колонизираат, а со тоа ќе го решат прашањето со пренаселеноста на Земјата.
Шостак смета дека отпрвин ќе биде населена земјината орбита.
„Сите очекуваат нашето потомство да се зафати со организирање на колонии на Месечината и Марс, но најдобро е да се започне со апсорпција на Земјиниот простор – да се градат огромни, ротирачки вселенски објекти во кои може да се живее без скафандери“ – вели Шостак.
Притоа, тој истакна дека на таков начин може да се подготви неограничено количество на луѓе за живот во бестежинска состојба со помош на биотехнологија. Како резултат, заклучува тој, на светот ќе се појави ново потомство, кое значително ќе се разликува од денешните луѓе.
Покрај дизајнерски бебиња и вселенски колонии, човештвото ќе го измени и вештачката интелигенција, која ќе овозможи да се предаде главната работа од луѓето на машините, смета Шостак.
„Не е задолжително овие машини да се големи. Синапсите во вашиот мозок изнесуваат неколку илјади нанометри. Транзисторот на чипот е стотици пати помал. Хардверот потребен за создавање на интелигенција на човечко ниво дури и денес може да се вклопи во еден iPad“ – појаснува научникот.
Според прогнозите на Шостак, кон крајот на XXI век новиот вид разум ќе измени сапиенсите, коишто постојат во последните 50.000 години.
Тој смета дека развојот на генетскиот инженеринг и вештачката интелигенција последователно ќе ги измени луѓето и ќе ги засени проблемите во политиката, војните или економијата.
Научникот тврди дека неговите прогнози се неизбежни. Според него, за илјада години „луѓето дојденци“ нема да имаат ништо заедничко со денешното човештво.Овој 72-годишен научник смета дека достигнувањата во областа на дизајнот на бебиња и развојот на вештачката интелигенција, ќе доведат дотаму што пр



