Македонијо, off мори мајко

Уште една недела и секако ново издание на рубриката „Македонијо, off мори мајко“ на афористичарот Марјан Анѓеловски.Во продолжение може да прочитате кои теми неделава се најдоа на „нишанот“ на Марјан!
Стреланите добија услуга со сите нишани.
Скапо си го платив гробното место. Ама ако, нека е само за убаво.
Ми откажа срцето. Ама презакажавме за друг ден.
Не е убаво да се прави шега на сметка на инвалиди. Затоа не пишувам афоризми за нашата фудбалска репрезентација.
Луѓето многу ги сакаат моите погребни услуги. Душата ја даваат за нив!
Војниците на царот Самоил како очите го чуваа својот цар.
Меѓу оние кои што станаа овци се чувствувам како црна овца.

Пронајдете не на следниве мрежи: