Најсмешните шеги за први април!

За прв пат 1 април, познат како денот на шегата започнува да се практикува во 1500 година.Од тогаш до денес, луѓето измислувале најразлични начини да се пошегуваат, а ние издвојуваме 10 најоригинални шеги по повод 1 април.
1962 година:
Во овој период телевизорите во боја биле вистинска реткост и луксуз. Врз основа на тоа шведската национална телевизија им соопштила на своите гледачи дека својот црно бел телевизор можат да го претворат во боја, доколку преку него стават неколку најлони, кои исто така се во боја.
1966 година:
Американската компанија за брза храна „Тако бел“ објавила дека од Владата на САД ќе го откупи „Ѕвоната на слобода“ и дека ќе го преименува во „Тако бел ѕвоно на слобода“. Тоа ѕвоно имено, е најдрагоцениот споменик од времето на американската револуција, па стотина луѓе се собрале на демонстрации. Демонстрантите се смириле дури откако компанијата соопштила дека сето тоа е само првоаприлска шега.
1976 година:
Познатиот британски астроном патрик Муре на 1 април 1976 година објавил дека ретката положба на планетите во целост ќе ја намали земјишната гравитација, поради што луѓето ќе имаат ретка прилика да лебдат. По оваа објава, стотина луѓе се јавувале по телевизиите за да соопштат дека навистина лебделе.
1998 година:
Познатиот ланец за брза храна „Бургер кинг“ на 1 април 1998 година објавил соопштение во новините во кој претставувал хамбургер за оние кои се левораки. Компанијата објаснила дека хамбургерот ќе остане како нормалниот, со разлика што сите состојки ќе бидат ротирани за 180 степени, за да не се лизгаат на десната страна од хамбургерот.
1998 година:
На 1 април 1988 година научниот весник “New Mexicans for Science and Reasons” објавиле вест дека советот на американската држава Алабама ја променила вредноста на бројот Пи со математичка константа 3,14 на библиската 3,0.

„Skaggs“
Славниот концептуален уметник „Skaggs“ секоја година објавува дека на 1 април ќе организира посебна парада во Њујорк. Секоја година се собираат новинари, но на крај завршуваат со истата приказна, дека наседнале на шегата на уметникот. Она што е интересно е дека секоја година, повторно доаѓаат.
2003 година:
Голем број корејски и кинески медиуми на 1 април 2003 година пренеле дека Си Ен Ен објавиле дека е убиен основачот на Микрософт, Бил Гејтс. Резултатот од оваа шега бил лош, со оглед на тоа што акциите на корејската берза паднале за 1,5%.
2006 година:
Дејли мејл на 1 април 2006 година напишал дека британскиот премиер Тони Блер ја обоил во црвена боја вратат на улицата „ Downing Street“, која традиционално во црна боја. Додека пак Тајмс објавил текст за нов заштитен систем на кредитни картички кој се активира со пеење.
2006 година:
Шведскиот водечки дневник „Dagens Nyhter“ преплаши илјадници велосипедисти со тврдењето дека Владата ќе воведе ограничување на брзината за возење велосипед на 20 км на час.
2006 година:
Истата година, белгиската радиомрежа VRT јавила дека регионалната во Фландрија е многу загрижена за тмурното време, што решила да врачи 10,000 сончеви чекови, за граѓаните да посетат солариум.Од тогаш до денес, луѓето измислувале најразлични начини да се пошегуваат, а ние издвојуваме 10 најоригинални шеги по повод 1 април.

Пронајдете не на следниве мрежи: