Можно ли е навистина животот да се создава само околу кислород и вода? Или има други организми, кои имаат потреба од сосема различни елементи? Ако одговорот на ова прашање е позитивен, тогаш можно ли е универзумот да претставува еден огромен жив организам?Дефинитивно е можно животот да постои во поголем обем. Најверојатно станува збор за „вселенски“ живот. Четири милијарди години по формирањето на планетата, живееме меѓу слонови, птици и уште околу 8 милиони еукариотски организми. На еден или друг начин, сите живи организми на планетата се поврзани и е сосема реално да мислиме дека ние сме дел од еден голем жив организам.
Првиот човек кој гледал на универзумот како на еден жив организам, бил грчкиот филозоф Анаксагора, но завршната идеја е формулирана од Платон, а потоа од стоиците и неоплатонизмите. Според оваа теорија, структурите како што се галаксии, црни дупки, квазар, ѕвезди и планети кои го формираат универзумот, всушност се ткива во жив организам – нешто како органи во неговото тело.
Карактеристиките на еден жив организам се раѓање, раст, репродукција и смрт, но според истражувачите овој модел може да биде применет и врз универзумот. Фактот дека тој се проширува, претставува раст, а во далечна иднина како и секој друг жив организам, ќе настапи неговиот крај. Но, можно ли е универзумот да се репродуцира?
Според познатиот физичар Ли Смолин, универзумот веќе има создадено цело семејство што е „скриено“ зад црните дупки.
„Законите на природата се токму такви, какви што се потребни за појава на нашата форма на живот. Замислете ако овие закони се менуваат дури и благо. Универзумот нема да може да го поддржува животот и сѐ уште е мистерија како воопшто е толку идеално за појава на биолошки видови.“
Според Смолин, сосема е можно нашиот сложен универзум да доживува вселенска верзија на биолошката еволуција. За многу луѓе тука повторно се доаѓа до темата за Творецот. Смолин смета дека ќе дојдеме до точни одговори кога ќе бидеме способни да погледнеме зад црните дупки каде што не важат нашите физички закони.
Ако Смолин е во право, животот на Земјата претставува една многу добар процент од еволутивниот чекор на долгиот живот на универзумот.Дефинитивно е можно животот да постои во поголем обем. Најверојатно станува збор за „вселенски“ живот. Четири милијарди години по форми



