Морничава легенда за позната балада: Стотина луѓе после оваа песна извршиле самоубиство

Ова е приказна за позната балада поради која многумина, како што  се тврди, ги  завршиле своите животи.Унгарскиот пијанист и композитор Режо Шереш во 1933 година  ја искомпонирал  „мрачна недела“, позната и под името „Самоубиствена песна“.
Изворниот текст под име „Светот се завршува“ говорел за очајот предизвикан од војната, а завршувал со мирна молитва за човековите гревови.  Ласо Јавор потоа напишал нов текст на Шерешовата композиција кој го потиснал оној стариот и  започнал една од најморничавите приказни во историјата на музиката.
Во овој текст главниот јунак, скршен од смртта на својата љуов  без која нема сили да живее, одлучува да изврши самоубиство. Песната прв пат била објавена во Унгарија во 1935 година  и од првиот момент предизвикала огромни контраверзии.
Веднаш по објавата за песната почнала да се врзува морничава урбана легенда дека наводно стотина лица во Унгарија извршиле самоубиство кога прв пат ја слушнале оваа композиција.
Но, поради својата несекојдневна мелодија и квалитет, песната набрзо се проширила во целиот свет. Веќе во 1936 година песната е преведена  и објавена на англиски јазик, а морничавите урбани легенди за самоубиствата поврзани  со оваа композиција почнале да се прераскажуваат и ширум англиското јазично говорно подрачје.Унгарскиот пијанист и композитор Режо Шереш во 1933 година  ја искомпонирал  „мрачна недела“, позната и под името „Само

Пронајдете не на следниве мрежи: