Ново антрополошко истражување покажа дека отпечатоците може да бидат сигурна метода за препознавање на етничкото потекло. Досега, со помош на оваа метода научниците успеале да разликуваат претставници на белата и црната раса.Досега беше познато дека можноста за целосно совпаѓање на отпечатоци е еден на 64 милијарди. Тоа нѐ прави единствени повеќе и од разликувањето според ДНК.
Експерти од Универзитетот во Вашингтон спровеле големо истражување за нови методи за откривање на отпечатоците. Сега криминалистите ги користат токму отпечатоците за откривање на идентитетот на криминалците. Станува збор за варијации на второ и трето ниво. Тие се нарекуваат минуции и претставуваат знаци што се уникатни за секој отпечаток.
Во нив спаѓаат сите прекини и разгранувања на папиларните линии на прстите. Антропологијата од своја страна се занимава претежно со варијациите од прво ниво – папиларните линии, нивното количество и достапност. Според научниците, токму нивното масовно разгледување ќе помогне за прецизната анализа на отпечатоците.
Авторите на истражувањето земале отпечатоци од прстите на 243 мажи и жени од САД со европско и афроамериканско потекло. Компаративните анализи на прво и второ ниво не покажале разлика помеѓу отпечатоците на полов принцип, но дале резултати кои се однесуваат на расната припадност.
Разликите меѓу белата и црна раса си забележуваат најмногу по гранките на папиларнните линии на прстите – знак од второ ниво.
Откритието ќе биде од корист за криминалистите за попрецизно ограничување на кругот на осомничени. Антрополозите ќе ги продолжат истражувањата и во иднина се надеваат да ја откријат врска меѓу линиите по кожата и другите антрополошки параметри.Досега беше познато дека можноста за целосно совпаѓање на отпечатоци е еден на 64 милијарди. Тоа нѐ прави единствени повеќе и од разликувањето спор



