Благословениот Симеон

Во 1922 година од Мала Азија заедно со грчките бегалци дојде едно сираче, по име Симеон. Се насели во Пиреја во една куќарка и таму порасна само. Имаше една количка и пренесуваше работи на пристаништето во Пиреја.Не беше писмен, ниту пак знаеше многу за нашата вера. Имаше блажена простота и вера проста и нељубопитна. Кога стаса за женење се ожени и му се родија две деца и со семејството се пресели во Никеја. Секое утро одеше на пристаништето на Пиреја за да си го заработи лебот.
Но секое утро поминуваше кај храмот на Свети Спиридон, влегуваше во него, застануваше пред иконостасот, ја вадеше капата и велеше: „Добро утро, Христе мој, јас сум Симеон. Помогни ми да си го заработам лебот“. Навечер кога завршуваше со работа повторно минуваше покрај црквата, пак влегуваше и пред иконостасот велеше:
„Добровечер Христе мој, јас сум Симеон. Ти благодарам што ми помогна и денес“. И така поминуваа годините на благословениот Симеон. Околу 1950 година целото семејство негово се разболе од туберкулоза и се упокоија во Господа. Симеон остана сосема сам и продолжи безропотно да работи и не испушташе да помине во храмот на Свети Спиридон и да му каже на Христос добар ден и добра вечер, барајќи помош од Него и благодарејќи Му. Кога остаре Симеон, се разболе. Отиде во болница и се лекуваше таму околу еден месец.
Една директорка од Патра еднаш го праша: „Дедо, толку денови си тука, дојде ли некој да те види? Имаш ли некој свој во светов?“ „Доаѓа, чедо мое, секое утро и секоја вечер Христос и ме утешува“. „И што ти вели, дедо?“ „Добро утро, Симеон, Јас сум Христос, имај трпение. Добра вечер, Симеон, Јас сум Христос, имај трпение“. Директорката се зачуди и го повика нејзиниот духовник, о. Христодулос Фасос, да дојде да го види Симеон, можеби е опрелестен.
Отец Христодулос го посети, разговараа, му го постави истото прашање како директорката и Симеон му го даде истиот одговор. Во истото време наутро и навечер, кога Симеон одеше во храмот и го поздравуваше Христос, сега и Христос го поздравува Симеона. Го праша духовникот:
„Можеби е твојата фантазија?“
„Не, отче, јас не фантазирам, Христос е“. „Дојде ли и денес?“ „Дојде“.
„И што ти рече?“
„Добар ден, Симеон, Јас сум Христос. Имај трпение, по три дни ќе те земам кај мене уште рано наутро“.
Духовникот секој ден одеше во болницата, зборуваше со него и дозна многу работи за неговиот живот. Дозна дека тој е благословен човек. На третиот ден рано наутро отиде пак да го види Симеон и да се увери дали ќе се оствари претскажувањето дека ќе умре. Навистина таму додека зборуваа, Симеон одеднаш викна: „Дојде Христос“, и заспа со сон праведнички. Нека му е вечен споменот. Амин!
Изор: амвон.мкНе беше писмен, ниту пак знаеше многу за нашата вера. Имаше блажена простота и вера проста и нељубопитна. Кога стаса за женење се ожени и му се род

Пронајдете не на следниве мрежи: