Еве како изгледале лубениците пред 350 години!

Добро погледнете го долниот десен агол од приложената слика. Не сте единствени коишто за прв пат гледаат ваква лубеница!Уметничкото дело на ренесансниот уметник Џовани Станчи настанало во 17. век и на него е прикажана лубеница каква што никој во модерниот свет нема видено.
Лубеницата на Станчи, која е насликана некаде помеѓу 1645. и 1672. година, нѝ дава шанса да ѕирнеме во минатото, односно во времето кога одгледувањето на лубеницата сѐ уште не било популарно.
Џејмс Ненхус, професор по хортикултура на Универзитетот Висконсин во Америка, ја користи токму оваа слика за да им покаже на студентите како течел развојот на одгледувањето растенија.
„Забавно е да се отиде во музеј и да се видат слики од мртва природа на кои може да се забележи како изгледало овошјето пред 500 и помалку години“ – објаснува проф. Ненхус и додава дека тоа е единствениот начин да се дознае како изгледале плодовите пред толку време.
Лубеницата дошла од Африка, но по припитомувањето почнала да успева и во климатските услови во средна и јужна Европа. Веројатно можела да се најде во европските бавчи и пазар некаде околу 1600. година.

Лубеницата како онаа на сликата од Станчи веројатно имала одличен вкус, бидејќи се смета дека содржела голем процент на шеќер затоа што се консумирала додека е свежа и повремено биле ферментирана во вино.
Но, изгледала сосема поинаку од денешната!
Причината лежи во тоа што со време намерно луѓето почнале да одгледуваат лубеници кои имаат светла, црвена боја.
Внатрешноста на ова овошје е всушност плацента која ги содржи семките од растението. Пред припитомувањето, таа содржела само мало количество на пигментот ликопен кој дава црвена боја. При стогодишното одгледување, малите и диви лубеници се модифицирале во големи, црвени лубеници со многу ликопен кои ги јадеме денес.
Секако, не е сменета само бојата на лубеницата. Исто така, се експериментирало со намалувањето на бројот на семки и дебелината на кората, а денес во план се проекти со кои треба целосно да се отстранат семките. Проф. Ненхус тоа го смета за „логичен нареден чекор во одгледувањето на ова овошје“.Уметничкото дело на ренесансниот уметник Џовани Станчи настанало во 17. век и на него е прикажана лубеница каква што никој во модерниот свет нема в

Пронајдете не на следниве мрежи: