ЗОШТО Исус го покажува левиот образ: Научниците проучиле 484 слики и тајната ја пронашле во…

Најново психолошко истражување анализираше 484 слики од Исус Христос собрани од различни бази на податоци. Научниците утврдиле дека уметниците коишто ги насликале овие дела, главно го прикажувале Исус како тој го покажува левиот образ.Разни уметници со векови го прикажувале Исус на начин кој предизвикува поинтензивни емоции, за разлика од Буда којшто во поголем дел од случаите гледа право.
Претходни психолошки откритија покажале дека левата страна на лицето поинтензивно ги изразува емоциите во споредба со десната страна. Тој психолошки механизам се темели на фактот дека десната страна од мозокот на големо е одговорна за процесирање на емоциите и дека активностите од тој вид се одразуваат на левата страна од лицето.
Уметниците очигледно го сфаќале тоа, а се чини и дека луѓето денес потсвесно го препознаваат тој ист механизам и масовно го применуваат. Имено, едно истражување од 2013 година утврдило дека луѓето коишто прават самослик во поголем број од случаите го покажуваат левиот образ.

Разликата помеѓу повеќето слики на Исус и Буда може да се објасни и од верски аспект. Како што истражувачите напишале во својата студија, христијанството е поврзано со харизматична традиција која ги слави силните чувства како клучен дел од верското доживување. Од друга страна, будизмот е врзан за традицијата на контемплацијата која го нагласува смирувањето на страстите и емоциите.
Имајќи го тоа на ум, сосема е разбирливо тоа што Исус главно е прикажуван на начин со кој предизвикува интензивни чувства, а Буда на начин со кој предизвикува чувство на мир.Разни уметници со векови го прикажувале Исус на начин кој предизвикува поинтензивни емоции, за разлика од Буда којшто во поголем дел од случаите гл

Пронајдете не на следниве мрежи: