Со својот „Photo Magick“ Фејсбук ја тестира новата можност за полесно споделување фотографии помеѓу пријателите пред воопшто и да се постават на социјалната мрежа.Користејќи софтвер за препознавање на лица, Фејсбук месенџерот ќе помине низ сите фотографии неодамна снимени со вашиот мобилен телефон за да ги идентификува вашите пријатели.
Доколку Фото Меџик препознае некој од вашите пријатели Месенџер веднаш ќе ви прати известување да им ја парите фотогафијата на тие личности,за да не морате потоа сами да го правите тоа. Или како што велат зависниците од оваа мрежа, „проектирано е за споделувањето на фотографии да биде уште полесно и позабавно“
За корисниците на Андроид, таа „магија“ ќе се случува секој пат кога ќе фотографирате нова фотографија, така што целата група пријатели ќе може да ја добие фотографијата штом ќе ја направите.
Фејсбук нема да работи без ваша дозвола, но можеби нема ни да знаете дека веќе сте им дале дозвола. За да го користите фото меџик, мора да му дадете дозвола на Месенџер да има пристап до вашата камера пред воопшто да ви прати било какви известувања. Така што, доколку некогаш на пријател сте му пратиле фотографија преку месенџер, веројатно веќе сте дале своја согласност.
Доколку и понатаму ви звучи морничаво Фејсбук да ви ги прегледува сите фотографии, и тоа штом ги снимите, ви остануваат две опции: можете да го исклучите своето send to your friend известување, или можете да ја исклучите можноста на фејсбук да препознава лица.Користејќи софтвер за препознавање на лица, Фејсбук месенџерот ќе помине низ сите фотографии неодамна снимени со вашиот мобилен телефон
Пронајдете не на следниве мрежи:



