Вистинските домаќини најмногу ќе го ценат вашето внимание и присуството, а подароците во оваа прилика се најмалку важни. Но, тука се и оние луѓе кои носат се полуксузни подароци за славите а понекогаш и прилично чудни….Сезоната на слави почна, а со неа и размислување што да им подарите на домаќините. Toa e време кога ги собираме нашите најмили и најблиски и со нив го славиме заштитникот на куќата. Меѓутоа иако во христијански дух е славата да се одбележи скромно, последниве децении сме сведоци на гозби кои се прават во чест на секој семеен празник кој се слави во куќата, а неретко се случува домашните од тоа да направат вистински спектакл, па често викаат и жива музика за да го одбележат тој ден.
Единственото правило до кое би требало да се држите е да не претерувате, затоа што поентата на славите не е разменување на материјални богатства, туку скромно обележување на денот на семејниот заштитник и светец.
Затоа, вистинските домаќини најмногу ќе го ценат вашето внимание и присуството, а подароците во оваа прилика се најмалку важни. Но, тука се и оние луѓе кои носат се полуксузни подароци за славите а понекогаш и прилично чудни.
Поради тоа ви пренесуваме одговор од свештено лице во врска со тоа што е најпригодно да се носи на слава.
„Прво треба да се појасни дека славата означува сеќавање на покојните. Исто така славата служи и за духовно смирување, и помирување со блиските. Тоа е време кога и доколку има некои несогласувања помеѓу блиските, се треба да се исправи и на трпезата да се седне со духовен мир и без гневни чувства кон најмилите. На кратко славата е состанок на љубов“.
Покрај тоа, иако велат дека ја почитуваат својата слава, забораваат на најважната работа во врска со неа.
„На денот на славата, најважно е да се отиде во црква, да се причестите и исповедате, за на почетокот на годината да влезете духовно чисти“….
Повеќето луѓе меѓутоа го занемаруваат овој момент и целото внимание го посветуваат на прославата, каде се трудат на гостите да им овозможат што поразновидна и богата гозба. Сепак, ништо од тоа не е потребно. Најважно е на масата да имате свеќа – во знак и сеќавање на покојните, лепче – кое претставува жртва и поради тоа многу е важно самостојно да го замесите, а не да го купувате, и пченица – која се принесува за покој на душите кои славата ја славеле пред нас.
Што се однесува до подароците во дамнешните и скромни времиња, за подарок на домашните им се носело тоа што гостите рачно го изработиле, што значи тесто, леб, но пожелно би било и вино, ракија, брашно, јаболки….
И денес би било многу попригодно , на домаќините за подарок да им донесете шише пијалак, кафе и сл. Суштината е во скромноста и во тоа дарувачот да не се впушта во трошоци, бидејќи тоа не е потребно.
Меѓутоа современите луѓе се повеќе ги зголемуваат своите трошоци за слава, па оние кои се погодени со економска криза спремни се дури и да не ја прослават славата бидејќи не можат на гостите да им понудат обилна гозба.
Во современото денешно време пригодно е на домаќинот да му дарувате вино, а на домаќинката цвеќе, на децата чоколадо. Сезоната на слави почна, а со неа и размислување што да им подарите на домаќините. Toa e време кога ги собираме нашите најмили и најблиски и со нив



