Не постои личност на оваа планета која макар еднаш не налетала на незгодното прашање „Зошто си сингл?“. Во почетокот ќе се случи да помислите дека тоа можеби е комплимент, но подоцна ќе ја сфатите мрачната позадина зад тоа прашање.Како да се одговори? Секој човек мора да биде подготвен за таа работа, па затоа ви нудиме шест одговори.
1. Јас? А зошто ти си сингл?
Вратете ја топката на противничката страна. Кога и да посакате да не одговорите директно на прашањето, најдобро е да ја префрлите тежината на другата страна, а потоа да фатите залет на вистинскиот начин.
2. Затоа што лично одлучив така!
Биле во врска или не, битно е дека тоа е сепак ваша одлука. Во зависност од тоа во која насока сте тргнале, битно е да бидете во право. Не срамете се поради својата одлука и не чувствувајте потреба да се правдате.
3. Фокусиран/а сум на сопствениот живот.
Нема срам во тоа да бидете сами извесно време, затоа што би сакале да сфатите што сакате, а тоа е добро за вас. Не изедначувајте ја самотијата со тоа што сте сингл. Тоа само привремено го правите и е во ред.
4. Само сакам да си го живеам животот.
Одамна не сте седеле сами дома и релаксирано сте пиеле чај и сте гледале телевизија, ете. Чекате да наиде вистинската личност. Сте си го исполниле животот со семејството и пријателите, се занимавате со спорт и тоа ве прави среќни. Никој нема да ви замери на тој одговор.
5. Сакам да патувам, нема врзување.
Не е лошо да се биде љубопитен, а љубопитните луѓе побрзо наоѓаат одговори на своите прашања. Ако сакате да учите, тоа е вистинскиот начин, а и ќе дадете добар одговор на тоа зошто сте сингл. Патувањето по светот ве спречува во тоа да пронајдете идеален партнер и за тоа треба да постои разбирање.
6. Работа, работа и само работа.
Сакате прво да успеете во животот на тој план, а потоа да се впуштите во врска. Понекогаш постојат разни осудувања за тоа од страна на поединци, но ако тоа ве прави исполнети, секако дека ќе тргнете во таа насока и никој не треба да ви се меша.Како да се одговори? Секој човек мора да биде подготвен за таа работа, па затоа ви нудиме шест одговори.
1. Јас? А зошто ти си синг



