Махатма Ганди доби признанија за многу добри дела коишто ги има направено во својот живот. Од неговото движење за независност, до неговото тежнеење кон ненасилство и целибат, животот на Ганди е познат ширум светот. Меѓутоа, малкумина не ги знаат деталите од неговиот сексуален живот.Пред да се заколне на целибат, Ганди водел нормален живот со сопругата и нивните четири прекрасни деца. Дури на 38-годишна возраст тој одлучил да биде во целибат и тогаш работите добиле интересен пресврт.
Ганди одлучил дека најдобриот начин да му се „врати услугата“ на човештвото е да се прифатат сиромаштијата и чистотата.
Ова била пракса која значи дека тој ќе води духовен живот. Додека го живеел животот на овој начин и додека бил предизвикуван и проповедал апстиненција, во исто време бил ангажиран во чудни „сексуални експерименти“. Овие експерименти се состоеле од капење со жени, голи масажи на телото и делење на креветот со своите следбеници.
Понекогаш, тој би ги повикал жените на своите следбеници да спијат во неговиот кревет, иако не им било дозволено да спијат со своите мажи.
Сушила Најар, сестрата на секретарот на Ганди, учествувала во овие експерименти, како и Гандиевата 18-годишна правнука Ману. Кога ја повикал Ману да легне со неа во кревет ѝ рекол:
„Можеби двајцата ќе бидеме убиени од страна на муслиманите утре и мораме да ја ставиме нашата чистота на краен тест, бидејќи на тој начин го нудиме најчистиот вид на жртвување и отсега ќе спиеме голи во кревет“.
Овие експерименти ја тестирале неговата самоконтрола. Тој рекол дека „сака да види дали сексот може да се контролира, бидејќи сметал дека тоа е една моќна сила“.
Исто така, тој верувал дека семето е извор на духовна енергија и вежбал да го зачува своето.
Дури по објавувањето на книгата „Ганди: Гола амбиција“, луѓето почнале да имаат појасна слика за неговата сексуалност.Пред да се заколне на целибат, Ганди водел нормален живот со сопругата и нивните четири прекрасни деца. Дури на 38-годишна возраст тој одлучил да б



