Мистериозни древни геоглифи во Казахстан би можеле да бидат доказ за постоењето на цивилизација стара 8.000 години, за која досега ништо не се знаело.НАСА ги објави првите сателитски фотографии со висока резолуција, на висина од околу 600 километри на кои се гледаат одредени облици. Фотографиите би можеле да помогнат при разоткривањето на геоглифи кои досега биле незабележани.
Фотографиите од пустинската област во Казахстан, открија огромни геометриски облици во вид на квадрат, линии, крстови и кругови, од кои некои се со големина и до 200 метри, а можат да се забележат само од птичја перспектива.
Тие се наречени „Наска линии“. Ова е откритие на рускиот археолог Дмитриј Деј, кој со помош на Google Earth успеал да ги забележи овие облици пред 8 години, а експертите го проширија истражувањето за нив. Досега се откриени преку 260 геоглифи, а се верува дека најстариот од нив датира дури пред 8.000 години. Најголем геоглиф е квадрат, чии агли се поврзани со дијагонали, а неговата површина зазема поголем терен отколку Кеопсовата пирамида. Многу вакви геоглифи би останале незабележани да не беа сателитските фотографии и интересот на археолозите.
Кога Дмитриј Деј ги открил мистериозните облици во 2007 година и го идентификувал огромниот квадрат, тој прво верувал дека станува збор за некои стари советски инсталации, но во наредните неколку денови открил уште облици. До денес се откриени дури 260 облици, а се смета дека има уште повеќе.
Мистериозните облици се тема на многу археолошки дебати бидејќи се единствени и неистражени.
„Никогаш немам видено ништо слично. Тоа е неверојатно“ – изјавил Комптон Такер, виш научник на НАСА од Вашингтон.
Експертите наведуваат дека оваа степа во далечното минато била атрактивна дестинација за племињата од каменото време, а Деј наведува дека Мехаџар културата, која постоела во регионот од 7000. до 500. година п.н.е., би можела да биде одговорна за настанувањето на геоглифите. Меѓутоа, други научници сметаат дека едно номадско племе не би можело да остане толку долго во регионот за да создаде геоглифи.
Деј тврди дека енигматските облици се користеле за да се проучуваат движењата на Сонцето, исто како и Стоунхенџ во Велика Британија.
Гидре Мотузет Матузевичут, археолог од Универзитетот Кембриџ, верува дека е вложен огромен напор во создавањето на овие геоглифи.
Тоа само докажува дека древните цивилизации биле понапредни отколку што мислевме досега.НАСА ги објави првите сателитски фотографии со висока резолуција, на висина од околу 600 километри на кои се гледаат одредени облици. Фотографиите



