Луѓето често знаат да се запрашаат какво е чувството и што точно се случува во главата додека се умира. Благодарение на хемичарите, сега точно знаеме што ќе почувствуваме, но и зошто некои луѓе здогледуваат светлина кога доживуваат клиничка смрт.Ако сакате хорор филмови, тогаш добро ви е познато чувството на стравот кој го имате додека гледате како убиецот со секира во рака ја брка жртвата. Од Американското здружение на хемичари, тврдат дека мозокот готово слично би реагирал и при соочувањето со смртта.
Ова здружение направи видео во кое детално е објаснето како точно би се чувствувале кога на пример, би нѐ бркал убиец со секира.
Сѐ почнува со страв кој има своја цел – да нѐ подготви да реагираме кога сме во опасност. Ова влијае врз делот од мозокот кој се нарекува таламус, а кој е чувствителен на стрес. Со понатамошна хемиска реакција во мозокот, доаѓаме до состојбата „бори се или бегај“ за што можеме да му се заблагодариме на хипоталамусот.
За да се подготви телото за акција, хипоталамусот ја поттикнува надбубрежната жлезда да лачи адреналин, а адреналинот потоа оди до црниот дроб и го поттикнува лачењето на шеќер во крвта. Сѐ заедно, ова на организмот му дава сила каква не сме ни сонувале дека ја имаме.
Сепак, ако сите овие нешта не ни се доволни за да избегаме од лудиот убиец со секира, наша следна реакција е врескањето. Кога ќе слушнете дека некој вреска, тоа од вашите уши оди директно до делот од мозокот кој се нарекува амигдала.
Сепак, ниту врескањето не е доволно. Убиецот стигнал до нас и наредната работа којашто ќе ја почувствуваме – е болката. Болката на нашиот мозок му праќа порака за она што се случило. Во превод, се случило нешто лошо.
И навистина се случило. Секирата завршила во вратот. Што е следно?
Прво настапува клиничка смрт – срцето престанува ра работи и престануваме да дишеме. Во овој момент, мозокот и понатаму работи – и тогаш настанува вистинската магија. Имено, скорешни истражувања покажале дека мозокот во овој период се наоѓа во хиперсостојба на перцептуална невролошка активност. Преведено – работи како луд! И токму затоа, научниците тврдат дека луѓето кои ја преживеале клиничката смрт, подоцна опишуваат дека виделе светлина или некои други работи.
Меѓутоа, ако во околина нема медицински персонал кој би нѐ вратил во живот, мозокот престанува со работа и доаѓа до биолошка смрт.
Значи, ако се здогледа светлина, а никој не помага, тоа е јасен знак дека е време светлата засекогаш да се изгасат.
Погледнете го видеото:
Ако сакате хорор филмови, тогаш добро ви е познато чувството на стравот кој го имате додека гледате како убиецот со секира во рака ја брка жртвата.



