Два дена бил на ЛСД и гледал Симпсонови: Неговите заклучоци ги збунија сите!

Симпсонови се познати по тоа што се сатирични кон светот во кој живееме, но еден човек навистина сакал да ја сфати суштината на познатата серија. Следеле два дена на ЛСД и Симпсонови.Корисникот познат како doobleschnauzer на Редит, ги извести своите следбеници за заклучоците до кои дошол, а тие се прилично „длабоки“.
Неговата теорија е дека секој лик претставува поинаква несигурност во границите на психата, а Спрингфилд и Шелбивил се всушност мозоци. Битката помеѓу овие градови ги претставува недостатоците на човековите предрасуди, напаѓајќи го она што е всушност исто.
Ова е неговиот есеј на Редит, на кој го документирал своето мислење на крајот од „патувањето“:
„Сите ние сме Барт – сите понекогаш се чувствуваме потценето, бидејќи луѓето се фокусираат на нашите маани, а не на талентите. На нас влијаат многу лоши луѓе и ние влијаеме лошо на некого. Сите бараме возбудувања кои нѐ повредуваат, но и луѓето околу нас.
Сите ние сме Лиса – сите се чувствуваме потценето кога се обидуваме да бидеме глас на разумот и интелигенцијата, а луѓето што ги сакаме нѐ игнорираат. Се чувствуваме дека никаде не стигнуваме, иако даваме сѐ од себе. Како да сме заробени со луѓето кои никогаш нема да нѐ разберат.
Сите ние сме Марџ – се чувствуваме потценето кога сме глас на грижата, а луѓето кои ги сакаме лесно нѐ опишуваат како „смор“. Како да нѐ гушат саканите до онаа точка, по која веќе никако нема да успееме да развиеме своја личност.
Сите ние сме Хомер – се чувствуваме потценето и кога не го заслужуваме тоа. Сите ние понекогаш сме намерно глупави, сите ние се обидуваме да станеме имуни на болката дека животот никогаш нема да нѐ задоволи, до точката кога го повредуваме мозокот.
Сите ние сме Меги – се чувствуваме потценето бидејќи никој не нѐ слуша и лесно нѐ забораваат. Сите ние имаме таленти за кои чувствуваме дека другите не ги гледаат.
Иако сте земале толку дрога како мене, веројатно доста и ќе паѓате во животот.
Никој од нив никогаш нема да се вклопи, без оглед колку се трудат. Никогаш нема да се сменат.
Сите ние имаме лоши родители, сите ние сме лоши родители.
Спрингфилд е човечки мозок, а секој жител е совршена презентација на некој дел од нас. Шелбивил е друг вид на мозок. Се мразиме меѓусебно без некоја посебна причина, иако потполно сме исти“.
Од приложениот есеј, може да се забележи дека корисникот на Редит се чувствува потценето, не знаеме зошто е тоа така…Корисникот познат како doobleschnauzer на Редит, ги извести своите следбеници за заклучоците до кои дошол, а тие се прилично „длабоки“.

Пронајдете не на следниве мрежи: