Зошто Шведска воведе шестчасовен работен ден?

Многу луѓе работат над дозволените 40 часа неделно и покрај предупредувањата, сметајќи дека на тој начин можат да завршат повеќе работа. Но, според истражувањето спроведено меѓу 600.000 луѓе, оние кои работат повеќе од 55 часа неделно имаат 33% поголема шанса за срцев удар.Поради оваа и уште ред други причини, Шведска веќе најави стандарден шестчасовен работен ден, а многу од фирмите веќе ја имаат воведено новата пракса.
Линус Фелт, извршен директор на една таква компанија, исто така охрабрува вработените да се воздржат од социјалните медиуми и други фактори кои го одвлекуваат вниманието.
„Фокусирањето на една активност во текот на 8 часа е голем предизвик. За да се справиме со тоа, често ги мешаме работите и правиме дополнителни активности за го да издржиме работниот ден. Во исто време сакаме да трошиме повеќе време со своите семејства, или да тренираме. Со шестчасовниот работен ден е полесно да се фокусираме поинтензивно на работата, да ја имаме потребната издржливост, но и доволно енергија за други нешта. На пример, кога ќе си одидеме од работа“ – рекол Фелт.
На овој начин, персоналот има поголема мотивација и потребна енергија за да заврши повеќе работа за пократко време. Според Фелт, по воведувањето на новото работно време продуктивноста се задржа, а конфликтите меѓу вработените станаа реткост, бидејќи луѓето станаа среќни и опуштени.
За подолг временски период, исто така беше намалена промената на персоналот и се олеснило вработувањето на нови, мотивирани работници. Некои компании дури бележат зголемување на профитот до 25%.
Истражувањето спроведено во текот на 8 години, покажува дека работната недела над 40 часа, освен што води до зголемување на ризикот од срцеви болести, исто така доведува и до влошување на менталното здравје, особено кај жените. Покрај тоа, долгиот работен ден создава проблеми со спиењето, што дополнително ја влошува ситуацијата.Поради оваа и уште ред други причини, Шведска веќе најави стандарден шестчасовен работен ден, а многу од фирмите веќе ја имаат воведено новата прак

Пронајдете не на следниве мрежи: