Денес го славиме НЕВЕРНИОТ СВЕТЕЦ, кој може да нарави нешто СТРАШНО, ако го налутите на неговиот ден!

Се верува дека свети Тома може да донесе потоп ако се налути, но бидејќи го надгледува Пресвета Богородица, тоа нема да биде наскоро.  Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител.
„Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале”, му рекол Исус на апостолот Тома.
Еден од Дванаесетте големи апостоли, Тома со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. Кога Исус по воскреснувањето им се јавил на неговите ученици меѓу нив не бил Тома. А кога тие му кажале дека го виделе Спасителот, Тома не верувал и оттука е наречен Неверен Томa. Тома еден од дванаесетте апостоли наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа”.
А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата негови, нема да поверувам”. А по осум дена учениците негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!”
Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата мои и не биди неверлив, но верлив”.
Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!” Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале”. (Јован 20/25­29)….

 
Кога по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите овие се растуриле по светот за да го шират Исусовото учење, а Тома отишол во Индија. Се претставувал како мајстор­-ѕидар, а го проповедал христијанството. Таму бил и кога умрела Богородица и на таинствен начин пристигнал три дена по погребот. Многу жалел поради тоа и побарал од апостолите да го отворат гробот и да ја види Божјата мајка. Но кога му ја исполниле желбата и кога го отвориле ковчегот телото на Богородица не било тука. Таа воскреснала и отишла кај својот син. Потоа Тома пак се вратил во Индија каде што многу неверници придобил кон христијанската вера. Откако ги придобил и жената и синот на царот Миздија, царот наредил да го убијат. Војниците го избоделе со копја надвор од градот, а неговите приврзаници го погребале како што му прилега.
Се верува дека свети Тома може да донесе потоп ако се налути, но бидејќи го надгледува Пресвета Богородица, тоа нема да биде наскоро.  Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како

Пронајдете не на следниве мрежи: