Македонијо, off мори мајко

Во денешната рубрика афоризми „Македонијо, off мори мајко“, Марјан Анѓеловски се фокусираше на дрогата. Дали му е до летање или едноставно сака да ги „надува“ малку работите, проценете сами!Новите ТОП 7 афоризми се тука, а во продолжение можеби барем малку ќе успеете да откриете што го натера Марјан да се фрли во дрогираните прегратки на инспиративните мисли:
– Двајца се караат, третиот користи хероин.
– Кој високо лета, дува трева.
– Би ѝ кажал „не„ на дрогата. Ама не сум толку издрогиран за да правам муабет со неа.
– Дали ова меѓу мене и дрогата е искрена љубов или само ме влече за нос?!
– Не е проблем што поединци дуваат. Проблем е што цела држава пасе трева.
– Му го скршија носот. Затоа премина на игла!
– Ако парите на дрво ти растат, крајно време е да престанеш да ги трошиш на дрога.Новите ТОП 7 афоризми се тука, а во продолжение можеби барем малку ќе успеете да откриете што го натера Марјан да се фрли во дрогираните прегратки

Пронајдете не на следниве мрежи: