ЗАКАНУВАЧКО ЦУНАМИ ОД КОЕ НЕМА СПАС: Еве кога се очекува огромен бран сѐ да потопи!

Научниците коишто спроведуваат истражувања на Зеленортските острови, тврдат дека пронашле докази што посочуваат дека пред 73.000 години настанало мегацунами што било високо дури 244 метри. Гигантскиот бран настанал по колапс на дел од голем вулкан, а научниците предупредуваат дека истото може да се случи и денес.„Колапсот може да биде екстремно брз и катастрофален, а е во состојба да предизвика огромни бранови“ – изјавил шефот на истражувањето, Рикардо Рамалхо од американскиот универзитет Колумбија.
Немилиот настан за кој зборуваат научниците, наводно се случил на дел од вулканот Фога – еден од најголемите островски вулкани на светот. Денес е висок 2.829 метри, а во просек се активира на секои 20 години. Последната ерупција се случила минатата година.
Се верува дека мегацунамито во потполност го прекрило островот Сантијаго, на кој денеска живеат околу 250.000 луѓе. Рамалхо и неговите соработници забележале необични карпи што биле оддалечени повеќе од 600 метри од брегот, на надморска височина од готово 200 метри. Некои од карпите биле големи колку еден автомобил, а според изгледот потполно се разликувале од вулканското тло.
Научниците дошле до заклучок дека огромните карпи, од кои некои тежат и до 750 тони, до таа надморска височина и оддалеченост од брегот можело да ги донесе само мегацунами. Висината на плимниот бран го пресметале врз темел на проценетата енергија со која најтешките карпи можеле да бидат откорнати од брегот и отфрлени од вулканот.
Рикардо Рамалхо напоменува дека неговата студија не треба да се сфати како катастрофална.
„Никој не вели дека секое рушење е катастрофално, само тврдиме дека тоа можеби и не е толку ретко како што досега се мислеше“ – изјавил тој.„Колапсот може да биде екстремно брз и катастрофален, а е во состојба да предизвика огромни бранови“ – изјавил шефот на истражува

Пронајдете не на следниве мрежи: