Французинките ги открија нивните тајни за убавина

Општо е познато дека француските жени преферираат природни производи за убавина а токму тоа го покажале последните анкети. Според една од нив дури 60% од париските жени користат козметика направена дома, а ги заобиколуваат звучните козметички брендови.Во Париз, европската престолнина на убавината, љубовта и светлината каде што се родени Dior и Chanel жените не се љубители на тешка шминка. 11% од нив дури воопшто не се ни шминкаат, а за најупотребувани средства се сметаа маскарата и сјајот за усни.
Имајќи го во предвид неоспорниот факт дека Французинките се вбројуваат меѓу најубавите жени на планетата можете да употребите некои од нивните домашни рецепти за нега на кожата на лицето!

Еве некои од нив:
Рецепт 1: 
Ситно исечканата свежа зелка варете ја во мало количество на млеко, а потоа додадете една жолчка. Оваа смеса е одлична маска за чувствителната кожа на лицето. Оставете ја да делува 20 минути.
Рецепт 2: 
Измелете неколку листови од зелка и потоа измешајте ги со изматена белка од јајце. Оваа маска се препорачува за масна кожа. Оставете ја да делува околу 15-20 минути.
Рецепт 3:
Еднаш или два пати неделно масирајте го лицето со лимонова кора по што ќе го измиете лицето со ладна вода.
Француската убавина се должи и на квалитетното спиење и посветеноста на оброците. Секој оброк на француските жени трае најмалку 20 минути.
Кога станува збор за убавината на француските жени не може да не се спомене нивната харизматична природа дополнета со избор на посебен парфем. Мирисните ноти се моќни да ја нагласат вашата женственост на еден поинаков начин и да ја истакнат вашата нежна или страсна страна.Во Париз, европската престолнина на убавината, љубовта и светлината каде што се родени Dior и Chanel жените не се љубители на тешка шминка. 11% од

Пронајдете не на следниве мрежи: