Доби 14.500 евра од НАСА за да лежи во кревет: Но, постои ЕДЕН проблем!

Познато е дека НАСА им плаќа околу 5.000 долари месечно на доброволците коишто се подготвени да поминат 70 дена лежејќи во кревет. Некогаш цифрата е поголема.Еден од нив бил и Ендрју Иваницки, кој заработил 14.500 евра. Тој всушност бил платен да биде „експериментално глувче“ за НАСА да утврди на кој начин микрогравитацијата влијае врз телото за време на вселенските летови.
Тој ја започнал својата мисија кон крајот на минатата година, а сега прозборе за искуствата коишто ги доживеал во текот на тие 70 дена.
„Ја прифатив понудата бидејќи останав без работа. Дотогаш никогаш не бев сериозно болен за да морам да лежам во болница“ – рекол Ендрју.
Тој објаснил дека константно морал да лежи 70 дена. Во креветот јадел, пиел, спиел и одел во нужда.

„Секој ден ме будеа во 6 часот наутро, а навечер се гасеа светлата во 22 часот. Не смеев да задремам во текот на денот“ – рекол Ендрју.
Во собата имало камери и тој немал никаква приватност.
„Секогаш кога ќе ја повикав сестрата за да извршам нужда, таа ќе развлечеше завеса над мојот кревет. Тоа беше единтвен момент на приватност“ – објаснил Американецот.
Тој вели дека времето го трошел читајќи книги и сурфајќи по интернет. Неговата девојка можела да го посети таму, но им било дозволено само да се држат за раце. Како што вели самиот – тоа бил вистински пекол, но на крајот се исплател.
Погледнете го видеото:
Еден од нив бил и Ендрју Иваницки, кој заработил 14.500 евра. Тој всушност бил платен да биде „експериментално глувче“ за НАСА да утврд

Пронајдете не на следниве мрежи: