Оваа СРАМНА работа НЕ треба да ја правите: Денес е пророк Самуил

Благодарение на овој светец, народот на Израилот се ослободил од идолот и го признал него како пророк, свештеник и судија.Свети пророк Самуил живел околу 1100 години пред Христа. Бил родум од местото Рамат, или Ариметеја, и било дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немала пород. На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живеел и растел со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот. Тој е последниот од редот на судиите во Израилот. Тој го помаза и првиот цар на Израилот Саул, а после Самуловото отпаѓање и прекрасниот и славен Давид. Бил омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт.
Беседата на денешен ден гласи:
„О како е променливо срцето на човештвото! Но од сите промени негови една е посрамна од најсрамната, а тоа е: кога верните ќе станат неверни. И од сите негови промени една е пославна од најславната, а тоа е: кога неверниот ќе се сврти и ќе стане верен. Покај се пред смртта да ја затвори вратата на твојот живот и да ја отвори вратата на Судот. Покај се пред смртта, а бидејќи не го знаеш часот на смртта, покај се денес и сега и престани да го повторуваш гревот свој“.
А еве и зошто…
Живеејќи во Силоам крај ковчегот на заветот, Самуил кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на првосвештеникот Илија заради расипаноста на неговите синови Офин и Финес. Тоа откровение наскоро и се изврши: Филистејците ги избија Израилците, ги убија обајцата синови на Илија и го запленија ковчегот на заветот. Кога гласникот му ја соопшти оваа вест на Илија, тој падна мртов на земја и издивна на деведесет и осумгодишна старост. А тоа истото се случи и со неговата снаа, жената на Финес. Оттогаш дваесет години Израилците им робуваа на Филистејците. По овој рок му го испрати Бог на народот Самуил за да му проповеда покајание, ако сака да биде избавен од своите непријатели.
 И народот се покаја и ги отфрли туѓите идоли на коишто им служеше и го призна Самуил за пророк, свештеник и судија.
Тогаш Самуил појде со војска против Филистејците и со Божја помош ги збуни, и ги уби, и ги ослободи земјата и народот. Потоа мирно му судеше на народот до својата старост. Гледајќи го дека остаре, народот му рече да им постави цар наместо себеси. Самул го одвраќаше народот од ова велејќи им дека единствен нивни цар е Бог, но народот остана упорен во ова барање. Иако ова Му беше неугодно на Бога, Бог му нареди на Самуил и им го помаза за цар Саул, Кисовиот син, од Венијаминовото племе. Саул царуваше кратко време и Бог го отфрли заради неговата непослушност и дрскост, па му нареди на Самуил Давид Јесеев да биде помазан за цар наместо Саул. Пред својата смрт Самуил го собра сиот народ и се прости со нив. А кога умре, по него плачеше сиот Израил, а го погребаа чесно во неговиот дом во Рама.
Сите христијани кои денес го слават овој голем светец веруваат дека на денешен ден не би требало да се прави ниту една срамна работа, а особено туку така да гледате на добрината која другите ви ја чинат.Свети пророк Самуил живел околу 1100 години пред Христа. Бил родум од местото Рамат, или Ариметеја, и било дете измолено од Бога од мајка му Ана, к

Пронајдете не на следниве мрежи: