Колку повеќе некој има особини на психопат, толку се помали шансите дека ќе биде погоден со заразно смеење, тврди најновото истражување.Истражувачите забележале дека заразното зевање, кое сите луѓе околу личноста која зева ги тера на исто, поврзано е со емпатија- нешто што психопатите го немаат.
За да дојдат до своето откритие, научниците им дале тестови на машки и женски студенти и откриле дека оние кои биле помалку подложни на заразно зевање имале повеќе особини кои ги имаат психопатите.
„Повеќето луѓе кои ги идентификувавме како психопати и понатаму се фини луѓе, само е јасно дека не се во состојба да се поврзат со вас како другите“, изјавил истражувачот Брајан Рандл.
Доколку и вие немате потреба да зевате во моментот кога некој друг го прави тоа во ваша близина, не грижете се- иако се работи за интересно откритие, тоа сепак не мора да значи дека со вам нешто не е во ред.Истражувачите забележале дека заразното зевање, кое сите луѓе околу личноста која зева ги тера на исто, поврзано е со емпатија- нешто што пси



