Летеото се уште не помина, се топиме на температури близу 40 степени, но веќе сега пристигнуваат возенирувачки најави за зимата која ни претстои.Инаку, поради невообичаено изразениот временски феномен „Ел Нињо“, кој се најавува за зимата која не очекува, поголмиот дел од планетата за неколку месеци ќе биде соочен со екстремни поплави, суши и шумски пожари.
Како што пишува британскиот „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на угледни метеоролози, се работи за екстремно метеоролошко пореметување кое во Европа ќе предизвика екстремно ладна зима каква не се памети, а САД ќе се соочи со разорни бури.
Во Јужна Америка се предвидуваат обилни врмежи кои ќе предизвикаат поплави и одрони, додека во Јужна Азија се очекува суша, а во Австралија шумски пожари.
Климатологот Бил Пацерт, вработен во НАСА, вели дека овогодинешниот „Ел Нињо“ дефинитивно може да стане „Годзила“.
„Доколку го оствари својот потенцијал, ќе биде многу ладно, поплави, одрони и хаос“, рекол тој.
„Ел Нињо“ е метеоролошки феномен кој се јавува секои две до седум години, а НАСА со големо внимание ги следи температурите на морињата на источниот дел на Тихиот океан, а кои се клучен индикатор за оваа појава.
Температурите на поворшината на океанот во близина на Перу веќе се 1,9 степени повеќе од просекот и во изминатите неколку месеци се во постојан раст. Температурите скокнале повеќе од што биле во истото време во 1997 година кога е забележан до сега најсилниот и најсмртоносниот „Ел Нињо“.
Во катастрофите ширум светот кои се поврзуваат со овој феномен, тогаш животот го изгубиле повеќе од 23.000 луѓе, а настанала штета која се проценува на 45 милијарди американски долари.Инаку, поради невообичаено изразениот временски феномен „Ел Нињо“, кој се најавува за зимата која не очекува, поголмиот дел од планетат



