Бројот на телефон е опасност за личните податоци на Фејсбук.Големи се шансите во некој момент да сте го искористиле бројот на телефон за Фејсбук, без разлика на тоа дали се сеќавате или не. Излегува дека методите за заштита на личните податоци на Фејсбук се преполни со грешки, па преку бројот на телефон лесно е да се откријат останатите податоци од вашиот Фејсбук профил, фотографии и локација на која се наоѓате.
Така една Британка се обидела да провери дали до податоците за неа, може да се дојде доколку го остави својот број на телефон на Фејсбук профилот, што е воедно и едно од барањата на Фејсбук – да го оставите својот број.
Нејзините пријатели кои малку подобро го владеат со технологијата од неа, успеале набрзо да ја лоцираат и само благодарение на бројот на мобилен да дознаат се за неа.
Кога видела дека тоа е многу опасно, се преплашила. Сфатила дека на тој начин најлесно се станува жртва на разни манијаци.
Нивниот совет е следниот – Без разлика дали менувате име или го наместите профилот да биде приватен, доколку во било кој момент го искористите бројот на мобилен за да се логирате на Фејсбук – вашите информации лесно стануваат јавни. Затоа е најдобро да не го внесувате бројот на телефон.
Во разговор со медиумите претставници на Фејсбук изјавија:
– Приватноста на луѓето кои користат Фејсбук за нас е многу важна. Посебен тим на луѓе секојдневно водат сметка за приватноста на информациите на Фејсбук корисниците. На програмерите им е овозможено да ги видат информациите кои корисниците одредиле да бидат јавни.
Кратката и долга верзија на приказната се сведува на истото – одговорноста лежи во нас самите. Ослободете се од броевите на телефон на Фејсбук профилот и заштитете ги своите информации. Големи се шансите во некој момент да сте го искористиле бројот на телефон за Фејсбук, без разлика на тоа дали се сеќавате или не. Излегува дека мет



