Една жена од Ирска сакала само да провери кога и е годишнината од брак и погледнала што пишува на бурмата – следел шок.Една жена од Ирска се шокирала кога открила дека со години носи туѓ венчален прстен. Откако приказната завршила во медиумите и се јавила сопственичката на прстенот и целата работа среќно била решена.
Маријана Кровлеј, која се омажила за сопругот Флор во 1997 година, нема идеја како се случило ова. Открила кога, обидувајќи се да се сети на годишнината од бракот, го замолила колегата да и каже што пишува во внатрешноста на прстенот.
Многу се изненадила кога и рекол дека натписот е 03.07.1993. Маријана вели дека не познава никој кој се венчал таа година.
– Останатите прстени неодамна ги дадов на процена, но тој прстен не беше меѓу нив – вели таа.
– Никогаш не носам само еден прстен, секогаш носам други прстени со него. А дефинитивно не се сеќавам дека два пати сум се венчала – додава Маријана.
Мистеријата на крајот е решена. На Маријана следниот ден и се јавила жена која ја слушнала приказната на радио, а која живее на исто место како неа. Излегло дека двете жени имаат заедничка пријателка на чиј курс по готвење присуствувале и двете. Иако ниту една од нив не се сеќава кога го извадила прстенот од рака, веруваат дека во таа прилика дошло до замена на истите. Една жена од Ирска се шокирала кога открила дека со години носи туѓ венчален прстен. Откако приказната завршила во медиумите и се јавила сопственич



