Овој мал дел од телото e сосема занемарен – а крие неверојатни и гадни приказни, кои лекарот сигурно ви ги премолчел.1. Папокот е вистинска лузна која сте ја добиле во животот
Папокот настанува кога папочната врвца ќе се пресече, така што навистина се води како лузна која ја добивате веднаш штом се родите.
2. Преполн е со бактерии
Едно истражување од 2012 година покажало дека овде живејат неверојатно голем број на бактерии. Испитани се 60 луѓе, а пронајдени 2368 видови бактерии.
3. Може гадно да се инфицира
Ако имате пирсинг, би требало да се придржувате до сите совети за да не се инфицирате. Ако не ни верувате дека е навистина грозно. слободно прогуглајте.
4. Некои луѓе воопшто немаат папок
Нормално, сите сме се родиле со папочна врвца врзана за стомакот но кај некои цицачи (а тука спаѓаат и некои луѓе) оваа лузна со време тотално зараснува и скоро не може да се забележи.
5. Ако сте маж, веројатно во папокот имате парчиња од облеката
Папокот се однесува како некој вид складиште за се што ќе дојде до него – ако е вовлечен нормално. Така што воопшто не би требало да ве зачуди фактот дека во него има конци, волна и останати материјали кои ги носите на себе.
Еве зошто на некои луѓе им се собираат „памучни топчиња“ во папокот
6. Гледањето во папок, некогаш било вид на медитација
Грчки монаси од Света Гора, наводно, биле медитирале така што гледале во својот папок. Чудни луѓе.
7. Да, нормално дека постои фетиш
Истражување од 1975 година се позанимавало токму со луѓе кои имаат фетиш за папокот. Еден од нив, 27 годишен учител, обожавал вовлечени папоци, па дури се обидел два пати самостојно да го „среди“ својот папок кој бил испакнат. Не го болело ништо, а на крајот доживеал оргазам.
8. Од микробите во папокот можете да направите сирење.
Сирењето се прави со помош на бактерии, а биологот Кристина Агапакис докажала дека сирењето навистина може да се направи од бактериите во папокот. 1. Папокот е вистинска лузна која сте ја добиле во животот
Папокот настанува кога папочната врвца ќе се пресече, така што



