Ова прашање Стив Џобс си го поставувал секој ден, би требало и вие…РЕЗУЛТАТОТ Е УСПЕХ!

„Во изминатите 33 години секое утро се погледнуваав во огледало и се запрашував: Ако дене е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам ова што го правам? Ако премногу денови одговорот беше „Не“ знаев дека нешто треба да променам“Тоа е познатата мисла на Стив Џобс, основачот  на Apple, која ја  искажа во својот славен говор за дипломирани студенти на Универзитетот Стенфорд во 2005 година, откако веќе му бил дијагностициран рак на панкреасот, од кој подоцна и починал.
А сите  ние треба да си го поставиме истото прашање. Дали сакаме да го живееме животот каков што го живееме? Ако одговорот е “не”, дали би промениле нешто?
Ако не поминувате на ова навидум едноставно тест­прашање на Џобс, обидете се да направите некои од овие чекори, како што ги опишале во текстот на Business Insider.
1. Одлучете се дали сте задоволни токму со ваква кариера каква што ја имате
Почнете прво со ова прашање: Дали сами сте ја одбрале вашата кариера, или таа ве избрала вас? За повеќето  одговорот е во комбинација од двете. Но, запрашајте се тогаш и ова: кога би можеле да почнете „од нула” дали би ја одбрале токму оваа кариера каква што ја имате во моментов? Или би тргнале во една сосема поинаква насока? Која би била?
Сакате ли кариера која би била најблиска до онаа за која сте сонувале, мора да промените нешто. На пример, да дадете отказ и да се вратите во училиште. Или сепак постои барем дел од онаа идеална кариера на работа
2. Спознајте што ве спречува или  плаши да го сторите она што го сакате
 Прашањето кое исто треба да си го поставите: Што би се обидел да направиш ако знаеше дека нема да згрешиш? За тоа навистина вреди да се размисли.
Дали би го препливале каналот Ла Манш ? Дали би отишле во вселената? Напишале роман? Ако навистина би направиле нешто од тоа, дали срцето би ви било исполнето? Дали би се потрудиле да направите сѐ како што треба?
Доколку одговорот е “да”, а вие сѐ уште не го правите она што ве прави среќен, тогаш веројатно ве попречува стравот од грешки. Сите повремено му се предаваме на стравот, а кога тоа го правиме тогаш самите се поткрадуваме.
Пред да дојде последниот ден би требало да погледнеме назад на својот живот. А тој се состои од изборите кои ние не сме се осмелиле да ги направиме, а не од пропуштените можности.

 
3. Замислете го вашиот идеален живот
Замислете каде би сакале да живеете и што би сакале да правите по цел ден? Каде би била таа работа? Зошто би ви била важна и како би уживале во неа?
Па направете споредба помеѓу идеалниот живот и животот кој сега го имате.  Ако се слични, честитки! За повеќето сепак постои разлика помеѓу посакуваниот живот и оној каков навистина го имаме. Треба да знаете што точно сакате. Не е лошо да ги бележите размислувањата за тоа како би добиле појасен одговор.
4. Разбудете ги чекорите на својот пат
Често нѝ попречува големата разлика помеѓу животот што го живееме и на оној кон кој се стремиме. Како и на било кое долго патување, не може само така да се скокне од едно место на друго. Треба да знаеме кои чекори треба да се преземат на тој долг пат и кои цели на тој пат треба да се постигнат.
Најдете луѓе за кои сметате дека го живеат животот каков што тие сакале да го живеат, па од нив побарајте совет, од каде треба да се започне. Ако се знае каде сакаме да одиме, е првиот чекор до онаа работа која би сакале да ја работите до последниот ден од животот.
 

5. Направете го првиот чекор
Тој првиот чекор може да ве доведе на чекор до идеалниот живот и работа. Тој може да биде многу едноставен: на пример, да пребарате некоја веб страница со понуди за работа, да се јавите на некој телефонски број, да купите книга…
Што и да е тоа, направете го тоа уште денес. И ќе бидете еден чекор поблиску до животот каков што навистина го сакате.
 Тоа е познатата мисла на Стив Џобс, основачот  на Apple, која ја  искажа во својот славен говор за дипломирани студенти на Универзитетот

Пронајдете не на следниве мрежи: