ВЕЧНО ПРАШАЊЕ: Зошто кожата се наежува кога ни е ладно?

Ежењето на кожата е природна, но и по малку мистериозна реакција на телото на ладно. Дали некогаш сте се запрашале како функционира „механизмот“ зад таа необична реакција?Влакната на телото на сите цицачи, па така и човекот, автоматски се креваат кога ни е ладно за да создадат слој на топлина.
Мускулите коишто ги окружуваат фоликулите се грчат, а поради тоа влакната се исправаат и создаваат „изолациски“ слој, односно мали „точки“ на телото.
Тој рефлексен одговор на ладно, всушност е реакција којашто ја имаме наследено од пралуѓето кои имале подолги влакна на телото. Денешниот човек нема доволно количество влакна на телото за да се добие саканата реакција од тој рефлекс, односно одбрана на телото од ладно, но ние и понатаму подеднакво регираме на таквите надразнувања.
Ежењето на кожата се случува и кога ни е страв, а научниците велат дека тоа е еден прастар рефлекс од времето кога влакната на телата на нашите претци се кревале во опасни ситуации.
Тогаш тие означувале закана, поради која предаторите би се исплашиле и би тргнале во потрага по друг плен.Влакната на телото на сите цицачи, па така и човекот, автоматски се креваат кога ни е ладно за да создадат слој на топлина.
Мускулите коишт

Пронајдете не на следниве мрежи: