Камилица-Универзален лек на природата

Камилицата е универзален лек, така велат сите познавачи на народната медицина.Чајот од камилица, нас многу добро ни е познат, сите го употребуваме, a нашите баби и дедовци ни го препорачуваат за голем број здравствени проблеми.
Камилицата е едногодишна билка, расте најмногу до 30 цм, има бело-жолти цветови, а може да се најде во скоро сите ливади и полјанки. Кај нас камилицата е синоним за чај, но од неа се прават и бројни други препарати кои особено во козметиката имаат голема примена.
 
Корисност од чајот од камилица:
– Го потикнува варењето;
– Ја снижува темперетурата;
– Ги ублажува болките;
– Делува против осипи;
– Конјуктивитис;
– Дерматитис;
– Депресија;
– Акни и сл.

Чајот од камилица е особено добар за смирување на нервниот систем. Доколку сте под постјан стрес, на работа или дома, редовно конзумирајте чај од камилица. Само по неколку дена редовно конзумирање на овој чај, ќе забележите драстични промени. Ќе се чувствувате по смирено, опуштено и повесело.
Чајот од камилица е особено делотворен за луѓето кои имаат проблеми со паѓањето на косата. Ако сте од оние кои имаат ваков проблем, тогаш редовно мијте ја косата со чај од камилица, искуствата покажале дека паѓањето на косата значително се намалува со овој третман. Доколку сте од групата на жени кои редовно имаат потешкотии за време на менструалниот циклус, тогаш натопете крпа со млак чај од камилица и држете како облога, според некои истражувања оваа метода ги олеснува менструалните потешкотии, заедно со оралното земање на чајот. Ова е многу подобро од постојаното користење на силни анелгетици.

 
Камилицата е растение од кое се прават чаеви, но и тинктури и разни лекови кои се навистина делотворни. Живееме во време кога стресот е неизоставен дел од нашето секојдневие, затоа чајот од камилица нека ви биде секогаш при рака, бидејќи навистина ќе ви го олесни животот.Чајот од камилица, нас многу добро ни е познат, сите го употребуваме, a нашите баби и дедовци ни го препорачуваат за голем број здравствени проблем

Пронајдете не на следниве мрежи: