Истражувачите на Медицинскиот Универзитет во Вирџинија, откриле скриен систем на крвни садови кои се нарекуваат централен нервен систем на лимфните крвни садови. Овие новооткриени крвни садови ја спроведуваат лимфната течност од мозокот до околните лимфни јазли.Откритието кое беше објавено во списанието Nature, ги протресе научните кругови.
Истражувачкиот тим, кој го предводел Антоан Лов, прво го испитувал мозочното ткиво на глувците, кај кои бил забележан сличен образец на оној којшто постои во клетките од имунолошкиот систем. Ткивото потоа било тестирано за да се испита дали во него постојат лимфни клетки, а резултатот бил позитивен. Исто така, овие клетки се наоѓаат во мозочното ткиво кај човекот.
Кога во нашиот организам ќе дојде до воспаление, молекулите и патогените се спроведуваат до лимфните клетки, кадешто клетките на имунитетот се активираат за да ја продолжат борбата со болеста или со воспалението.
Овие крвни садови се пронајдени во дуралните синуси, кои ја спроведуваат крвта од мозокот до вратните вени. Тие се наоѓаат во близина на поголемите крвни садови, па од таа причина тешко можат да се забележат.
Со цел подобро да се разберат функциите на новооткриените клетки, неопходно е детално да се проучат, бидејќи мозокот кај глувците и луѓето значително се разликува. Сепак, самиот факт дека постои нервен систем на лимфните крвни садови отвора нови прашања за потенцијални терапии и лечење на болести, како што се мултиплекс склероза и Алцхајмерова болест, односно состојби како што е аутизмот.Откритието кое беше објавено во списанието Nature, ги протресе научните кругови.
Истражувачкиот тим, кој го предводел Антоан Лов, прво го и



