Ја променивте ли и вие вашата фотографија на Фејсбук?Вашиот Фејсбук feed деновиве е пошарен од вообичаено, а причината е профил фотките со маска на виножито со која се дава подршка на официјализирањето на геј браковите во сите држави на САД.
Само по пуштањето во оптек на оваа опција, по неколку часа повеќе од милион корисници ја промениле својата профил фотографија во знак на поддршка.
Сепак, истражувачот од Универзитетот МИТ за овој тренд смета дека е само уште еден огромен социјален експеримент на Фејсбук.
Иако несвесни, корисниците стануваа дел од големиот експеримент кој најверојатно има за цел да собере прецизни податоци за тоа како оваа промена влијае врз луѓето. Според Цезар Хидалг, во овој социјален експеримент се мери колку време ќе ја оставите профил фотката со поддршка за ЛГБТ заедницата.
Од Фејсбук се уште немаат коментар на ова обвинување, но од порано е познато дека социјалната мрежа правела големи експеримиенти без знаење на корисниците, а целите и резултатите биле за најразлични намени.
Вашиот Фејсбук feed деновиве е пошарен од вообичаено, а причината е профил фотките со маска на виножито со која се дава подршка на официјализирањет



