Времето е моќна енигма. Тоа може да ги предизвика и некои од најдобрите денови во вашиот живот но може и апсолутно да ви ги уништи сите планови.Ако сте планирале патување на плажа, веројатно сакате да знаете дали ќе има дождови, но за тоа секогаш не ви е потребна модерна технологија.
Еве неколку начини на кои може да предвидите какво ќе биде времето.
1.Мирис
Верувале или не нашиот нос може да осети ниска и висока влага во воздухот. Исто така може да детектира мириси кои „бегаат“ од билките и тревата во текот на промената на влажноста на воздухот.
2.Шишарки
Шишарките се затвараат кога се зголемува влажноста на воздугот за да го заштитат семето од олујата.
3. Птици
Кога птиците летаат високо на небото, времето ќе биде убаво. Ако летаат ниско веројатно доаѓа дожд.
4. Чад
Ако чадот оди директно нагоре, времето ќе биде ведро. Ако оди настрана, доаѓа дожд.
5.Жаби
Ако жабите гласно крекаат, може да си земете чадор.
6.Гуски
Бојата во близина на градната коска на гуските ќе ви каже каква зима да очекувате. Ако перјата се темни тоа значи дека ладна зима е пред нас.
7.Пчели
Пчелите бегаат и се кријат кога се приближува олуја. Не сакаат да накиснат.
8. Коса
Кога ќе започне да се наелектризира, односно мали влакненца да излегуваат нагоре и да како што велиме „штрчат“ тогаш има висока влажност во воздухот и не очекува дожд.
9. Црвено небо
Црвеното небо навечер е морнарска радост, а црвено небо наутро е предупредување за морнарите- оваа изрека е стара но и прецизна. Сјајот на небото е предизвикан од облаците кои носат олуја.
10. Облаци
Одредени формации на облаци може да откријат многу. Бели облаци знаци дека доаѓа убаво време, темни облаци собрани во круг значи дека доаѓа олуја. Ако сте планирале патување на плажа, веројатно сакате да знаете дали ќе има дождови, но за тоа секогаш не ви е потребна модерна технологија.



