Девојчињата седеа во тишина во ходникот, но кога ги фотографирале, тие едноставно станале и исчезнале поминувајки низ ѕидот.Доколку сте заинтересирани за паранормални појави, односно верувате дека духовите на починатите со нас го споделуваат овој свет, тогаш ќе бидете фасцинирани да прочитате и да погледнете што пред неколку дена на Фејсбук споделија една Американка од Richland Lori Ell-Burns и нејзината ќерка Anndrea Reisenauer.
Двете се убедени дека во хотелот Shillo Inn во Oregon виделе духови на две девојки облечени во необични долги фустани, кои седеле во ходникот, тие ги фотографирале и постирале една интересна фотографија за да докажат дека не измислуваат.
Мајката и ќерката, девојчињата ги виделе околу полноќ, тие ниту за миг не помислиле дека ќе бидат сведоци на нешто натприродно.
“Отпрвин мислев, Боже, што прават деца во ова време од ноќта во ходникот? Каде ли се нивните родители? Но, тогаш јас забележав дека девојчињата носат необични долги фустани, облека која е невозможно да се види во овој век”, напишала Lori Ell-Burns.
“Девојчињата седеа во потполна тишина, не изговарајки нути еден збор. Бидејќи батеријата на мојот мобилен беше празна, ја замолив ќерка та да ги слика. Штом таа ги сликаше, девојчињата станаа и поминаа низ ѕидот! “додаде Lori Ell-Burns, која веднаш потоа истрчала на рецепција да го пријави она што го видела.
Од работниците дознала дека хотелот каде што отседнува е познат по несекојдневните настани, и дека е проколнат, а таквите информации можат потврдат и да се најдат на неколку блогови, чии автори се занимавиаат со паранормални теми. Така, на страница Haunted Places се нагласува дека во овој хотел имало бројни пријави од страна на гостите за нешто необично, почнувајќи од самиот работници чии имиња ги довикувал невидлив човек.
На страницата, исто така, се наведува дека во ходниците може да се чуе трчање, и дека некој одеднаш им подбутнува луѓето, а исто така преплашени биле и луѓето кои на средина на ноќта барале да се преселат во други соби.
“Јас секогаш сум верувала во такви работи, и обично не се плашев од нечии туѓи приказни или фотографии. Но, јас останав преплашена кога лично доживеав такво искуство”, додадала Lori Ell-Burns чија фотографија што можете да ја погледнете.
Па, дали станува збор за нешто паранормално или пак за фотошоп одлучете сами.
Доколку сте заинтересирани за паранормални појави, односно верувате дека духовите на починатите со нас го споделуваат овој свет, тогаш ќе бидете фа



