Припадниците на човечката раса не се единствените кои се во состојба да комуницираат со своите бебиња. Имено, англиските научници утврдиле дека кравите подеднакво комуницираат со телињата.„Телето ја препознава својата мајка меѓу останатите крави, а кога ќе се огласи, мајката знае дека токму тоа е нејзиното теле“ – потврдил Џејмс Борн, фармер кој се дружи со кравите од средината на минатиот век.
Научниците поминале 10 месеци, снимајќи ги кравјите разговори и уште година дена во анализа на податоците. Откриле дека секое теле и крава имаат карактеристични звуци за повик.
Истражувачите дефинирале два вида повици кај кравите. Првиот е со пониска фреквенција, кој се користи кога телето е старо 3-4 недели и кога е блиско со мајката.
Звукот е тивок и се испушта низ скоро затворена уста. Борн го опишува како „тивко јавување“.
Вториот звук наликува на безнадежен повик на мајката која го загубила бебето – и се случува токму во моментот кога телето ќе се загуби. Звукот е погласен, со повисока фреквенција и телето обично тогаш е во паника, бидејќи е одвоено и не ја гледа својата мајка.
Кога телето мука, тоа значи само една работа – сака да цица. Истражувачите се надеваат дека ќе откријат повеќе информации за тоа како кравите комуницираат, со цел да откријат кога се под стрес, за да ја подобрат и грижата за нив, пренесе ВВС.„Телето ја препознава својата мајка меѓу останатите крави, а кога ќе се огласи, мајката знае дека токму тоа е нејзиното теле“ – п



