ВИДЕО: Овој Авганистанец ДЕФИНИТИВНО е реинкарнација на Брус Ли

Абас Ализада (20), е момчето за кое на големо се зборува по социјалните мрежи. Како да не биде тоа така, кога тој неверојатно наликува на Брус Ли кој воедно е и негов идол! Тој дури и поставува слики на својот профил на Фејсбук, на кои ги имитира култните пози на големиот мајстор за боречки вештини.„Сакам да бидам шампион во мојата земја и холивудска ѕвезда“ – рекол Абас за Ројтерс, насред напуштената и руинирана палата Дарул Аман, која е 16 километри оддалечена од центарот на Кабул. Овој огромен објект е воедно и негова сала за тренинг.
На тоа место, со децении се воделе борби за превласт, летале гранати чии кратери сѐ уште живеат во ѕидовите, а самото место е уште едно во низата напуштени згради кои никако не можат да го дочекаат крајот на реконструкцијата.
„Урнатините ме растажуваат, но воедно ме инспирираат“ – продолжува Абас, кој одбива да го нарекуват „Брус од Хазарите“, бидејќи не сака да биде претставуван исклучиво како дел од племето Хазари, туку како Авганистанец.
Авганистанскиот Брус Ли потекнува од сиромашно семејство кое има 10 деца. Неговите родители немале пари за да му платат да посетува часови за боречки вештини, но тамошниот тренер го зел под закрила и не згрешил во одлуката, зашто Абас е успешен борец.
„Единствените вести што доаѓаат од мојата земја се оние за војната. Среќен сум што мојата приказна е позитивна“ – заклучува Абас Ализада.„Сакам да бидам шампион во мојата земја и холивудска ѕвезда“ – рекол Абас за Ројтерс, насред напуштената и руинирана палата Дарул

Пронајдете не на следниве мрежи: