Ова е најневеројатната и инспиративна визија за иднината која ја немате видено досега

Постојат голем број научно-фантастични филмови и докуметарни серијали за иднината на човештвото. Но, никој од нив не беше толку инспиративен, убав и реалистичен како краткиот филм на Ерик Вернквист, во кој улогата на наратор ја има Карл Саган.Ова е нашиот Сончев систем, а не свет од фантазијата.
Како што вели на почетокот, ова се реални места од нашиот Сончев систем, кои се реконструирани преку информациите и фотографиите на НАСА. Ова е листата на локации кои можете да ги погледнете во филмот, со краток опис од Вернквист.
Планетата Земја, 10.000 година п.н.е.
Фотографијата покажува монтажа од група номади кои се движат низ една долина во северниот дел од Средниот Исток, веднаш откако зајде Сонцето околу 10.000 година п.н.е. Кристално чистото небо отсликува ѕвезди и планети. На хоризонтот, од десно во дното кон врвот налево, тие одат според следниот редослед: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн.

Планетата Земја во блиска иднина
Некогаш во иднината, големо вселенско летало ќе полета од Земјината орбита. Во него ќе има патници кои ќе заминат на друга локација во Сончевиот систем. Ова може да биде и првата колонија луѓе кои постојано ќе се сместат во друг свет.

Great Red Spot, Јупитер
Ова е глетката од вселенско летало кое орбитира околу Јупитер.

Enceladus, Сатурн
Неверојатна глетка од гејзири во јужниот дел на една од месечините на Сатурн – Енкиладус.

Прстените на Сатурн
Оваа фотографија покажува човек што лебди помеѓу познатите прстени на Сатурн. Прстените сами по себе се составени од блокови мраз, додека камерата се наоѓа помеѓу нив. Но, нивната целосна форма е сокриена во сенката што тие ја фрлаат на северната хемисфера од Сатурн.

Лифт над Terra Cimmeria, Марс
Оваа фотографија прикажува вселенски лифт кој се спушта од северните делови на висорамнините на Марс.

Кратерот Викторија, Марс
Група луѓе го чекаат пристигнувањето на леталото што треба да ги собере. Освен тоа, глетката од пејзажот е фотографирана од роверите Spirit и Opportunity во 2003 година.

Зајдисонце на Марс
Оваа фотографија покажува група планинари на врвот „Gusey Crater“, кои се во потрага по фантастичното и навистина несекојдневно зајдисонце на Марс.

Iapetus, една од месечините на Сатурн
Призорот симулира глетка во долната орбита од Сатурновата месечина Iapetus, во чие подножје може да се забележат населби.

Астероид
Фотографијата го прикажува Главниот астероиден појас кој се наоѓа помеѓу орбитите на Марс и Јупитер.

Внатрешност од астероид
Ова е само визија од тоа колку би напредувала технологијата – концепт на авторот Ким Стенли Робинсон, кој го нарекува „терариум“ во својот роман „2312“. Имено, на фотографијата се гледа внатрешноста на астероидот, која е исполнета со воздух за дишење. Местото е исполнето и со вода, вештачки езера и мориња. Дури е прикажано и вештачко сонце кое го симулира деноноќниот циклус.

Europa, една од месечините на Јупитер
Глетката покажува група луѓе кои планинарат помеѓу ледените рамнини на една од месечините на Јупитер. Фотографијата е направена за да изгледа како да е направена од возило во движење.

Ligeia Mare, Titan, Сатурнова месечина

Verona Rupes, Миранда, една од месечините на Уран
Големата височина, во комбинација со ниската гравитација на Миранда (0,018 g), би делувало навистина неверојатно кога некој би се осмелил да скокне. По скокањето од работ, веројатно би стигнале до површината за 12 минути, секако со помош на мала ракета која би го закочила падот и со што безбедно би се дочекале на нозете.

Прстените на Сатурн, фотографирани над облаците
Ова е една од најневеројатните глетки од Сончевиот систем: лебдење на слабо ветренце над облаците на Сатурн. Сето тоа во придружба на прекрасните Сатурнови прстени на небото и сведоштвото за тоа како би изгледало кога светлината би се прекршувала од нив. Сјај на прстените и убавина.

А за целосно доживување на оваа глетка, ви препорачуваме да го погледнете ова видео во HD верзија. Изгасете ги светлата, опуштете се и уживајте во убавините:
Ова е нашиот Сончев систем, а не свет од фантазијата.
Како што вели на почетокот, ова се реални места од нашиот Сончев систем, кои се рекон

Пронајдете не на следниве мрежи: