Закачиле ДНК за ракета и ја пратиле во вселената. Резултатот е изненадувачки!

Молекулите на ДНК можат да ги преживеат екстремните услови во вселената и враќањето во Земјината атмосфера. Имено, научниците прицврстиле мали синџири на ДНК на надворешната страна од ракетата и тврдат дека биле „потполно изненадени“ кога половина од примероците се вратиле неоштетени и покрај изложеноста на температури од преку 1.000 степени Целзиусови.Истражувањето беше објавено во списанието „Plos One“, а беше спроведено од страна на научниците на Универзитетот во Цирих.
Суборбиталната мисија „Texus -49“, беше лансирана од европската база „Есрејнџ“ во Кируна (Шведска) и првобитната цел ѝ била да го испита влијанието на гравитацијата врз гените на човечките клетки кои биле сместени во внатрешноста од ракетата.
Меѓутоа, тие одлучиле да ги испитаат и последиците кои патувањето би можело да ги остави врз молекулите на ДНК, па прицврстиле неколку на надворешната страна од ракетата.
„Оваа студија докажува дека генетската информација од ДНК е способна да преживее екстремни услови во вселената и враќање во Земјината атмосфера“, вели професорот Оливер Урлих.
Имено, руските космонаути во август откриле траги од планктон и други живи микроорганизми од надворешната страна на Меѓународната вселенска станица. Тие тврдат дека планктоните не ги понеле со себе во текот на лансирањето, туку дека ги донеле воздушните струи од Земјата.
За чудо, ситните организми успеале да преживеат во вакуум и покрај ниските температури, недостатокот на кислород и космичките зрачења.
Истражувањето беше објавено во списанието „Plos One“, а беше спроведено од страна на научниците на Универзитетот во Цирих.
Субо

Пронајдете не на следниве мрежи: