Научниците го открија најдосадниот ден во историјата. Знаете ли кој е тој?

Научниците создале софтвер со кој анализирале 300 милиони историски факти и така откриле кој ден во историјата бил најдосаден, односно кога во светот ништо не се случувало.А тој ден бил 11.04.1954 година. Тогаш новинарите се мачеле да најдат било каков настан за кој би известувале.
Вилијам Тунстал-Педо, е експертот кој ја создаде програмата „True knowledge“, со која ги пребаруваше сите настани во 20 век и истакна дека токму на 11 април баш ништо не се случило.
Тој пребаруваше милиони настани, од конфликти, војни, раѓање на познати личности или смрт, па дури и основање на претпријатија или објавување на публикации.
„Секако дека на тој ден некој бил роден, некој починал, беше забележан грабеж и една несреќа, но ништо битно. Никој познат не почина, не се случуваше ништо побитно, а единствената личност која што се родила тој ден и за која би можело да се рече дека е значајна е турскиот академик Абдулах Аталар“, рече Тунстал-Педо.
Така, на 12 април, вест на денот во „Дејли Мејл“, беше дека крадец преку отворен прозорец украл шолја во вредност од 50 фунти, а кралицата на забавата носела прекрасен фустан.А тој ден бил 11.04.1954 година. Тогаш новинарите се мачеле да најдат било каков настан за кој би известувале.
Вил

Пронајдете не на следниве мрежи: