Филипинецот Мајкл де Гузман тврдел дека на Борнео пронашол големи количини злато. Примероците од земјата ги лажирал и измамил бројни компании кои вложиле пари.Мајкл де Гузман ја извел најголемата имама во историјата на рударството. Тврдел дека на островот Борнео пронашол злато. Но, анализите ги лажирал. Кога била откриена измамата, тој се убил. Сепак, некои тврдат дека и смртта ја лажирал и дека се уште е жив. Во прилог одат и тврдењата на една од неговите жени дека тој и понатаму и праќа пари.
Имал 4 жени, а парите ги користел за храна и мебел
Мајкл де Гузман е роден 1956 година на 14 февруари во Манила и имал 11 браќа и сестри. Како најстар син во семејството требало финансиски да се грижи за своите најблиски. Поради тоа многу рано почнал да продава весници и цевеќе на улиците. Неговиот татко Симплисио бил инженер и заработувал добро, но семејството било многубројно и морало да се хранат многу гладни усти. Де Гузман како и неговиот татко студирал геологија. Во 1977 година добил работа во фирмата Benguet Corp, која се занимавала со истражување и ископување златни рудници. За десет години напреднал многу, а неговиот поранешен шеф рекол дека бил многу добар работник и интелигентен човек. Во тоа време се оженил и добил 6 деца. Подоцна ќе се жени уште три пати, но нема да се разведе од ниту една жена.
Подоцна работел и во фирмата Pelsart Resources, во која добил отказ бидејќи парите на компанијата ги трошел за храна и купување мебел за сопругата.
Тврдел дека пронашол злато на Борнео
Откако „пронашол“ злато на Борнео, почнал да работи за компанијата Bre-X Minerals во сопственост на канаѓанинот Дејвид Волш. Во 1993 година Волш купил земјиште сред џунгла во близина на реката Бусанг на Борнео.
Вредноста на компанијата растела постојано
Гузман тогаш проценил дека на тоа подрачје се наоѓаат околу 2 милиони унци злато. До 1997 проценките пораснале на дури 70 милиони унци. Вредноста на компанијата досегнала вредност од 4,4 милијарди долари. Подрачјето околу Бусанг станало познато како најголемо наоѓалиште на злато во светот.
Успехот на компанијата го привлекло вниманието на голема рударска компанија и владата на Индонезија, па така во 1997 година постигнат е договор помеѓу владата на Индонезија и фирмата Bre-X Minerals и компанијата добила право да експлоатира 45 проценти од рудникот. А потоа е откриено дека сето тоа е всушност голема измама.
Првите наоди Гузман ги лажирал со „солена вода“. Со турпија стругал злато од накит во примероците од земјата кои подоцна оделе на анализа. Подоцна купувал злато од Индонезијци кои го ваделе златото од реки и ги лажирал примероците. На тоа потрошил 60.000 долари.
Откако го повикале да објасни што се случило, Гузман извршил самоубиство. На 19 март 1997 година скокнал од хеликоптер во Индонезија. Телото било пронајдело 4 дена подоцна во џунглата. Поголем дел од телото го изеле животните, а го идентификувале по забите и отпечатоците на прстите.
Иако според службената верзиј Гузман извршил самоубиство, почнале да се шират гласини дека можени е убиен. Но исто така почнале да се шират гласини дека Гузман ја лажирал својата смрт. Мајкл де Гузман ја извел најголемата имама во историјата на рударството. Тврдел дека на островот Борнео пронашол злато. Но, анализите ги лажирал. К



