На меѓународната конвенција за егзорцисти, на која се собраа околу 300 истерувачи на демони од целиот свет, папата Франсис вели дека „на опседнатите треба да им се обезбеди многу љубов''.Вие помогнете им на оние кои страдаат поради влијание на ѓаволот. Црквата сака да ги прими таквите луѓе и да им помогне, рече папата Францис на конвенцијата, на која имаше триста егзорцисти од целиот свет.
– Многумина тврдат дека ноќта на вештерките е безопасен карневал, но вистината е многу потемна. Тоа е портата кон пеколот и секогаш има повеќе барања за егзорцизам во тоа време – вели портпаролот на меѓународната асоцијација на истерувачи на демони Valter Cascioli.
– Вие кои се занимавате со оваа работа, на опседнатите дајте им многу љубов. Тоа е најважно – порача папата Френсис, кој минатата година и самиот тој направи нешто што многумина го нарекуваат ритуал на егзорцизам.
Верник во инвалидска количка, кој тврдеше дека е опседнат, го фати за главата и се обиде од него да го избрка ѓаволот. Но Ватикан негира дека тоа бил вистински егзорцистички обред, а човекот рече дека папата не го излекувал. Но, наводно, откако Френсис го допрел, човекот повторно проодел.
“Јас не сум егзорцист, само помагам”
На римската конвенција бил исто така и познатиот егзорцист од Задар – Миливој Болобаниќ кој 30 години го истерувал ѓаволот од луѓето. Иако тој тврди дека не е егзорцист, од Црквата добил дозвола за вршење на такви обреди.
– Сакав само да им помогнам на луѓето и ќе продолжам да го правам тоа – рече тој.Вие помогнете им на оние кои страдаат поради влијание на ѓаволот. Црквата сака да ги прими таквите луѓе и да им помогне, рече папата Францис на кон



