ДОКАЖАНО: И кучињата чувствуваат љубомора!

Кучињата се во состојба да бидат љубоморни, покажала новата студија објавена во научното списание „Plus One“.Истражувањето за кое научниците тврдат дека е прв експеримент за кучешката љубомора, би можело да го смени ставот дека комплексните емоции се карактеристични само за човекот, рекла Кристин Харис, која е автор на студијата и психолог на Универзитетот Калифорнија.
Сопствениците на 36 мали кучиња требало да направат три работи на тестот: целото внимание да му го посветат на едно куче-робот, на пластична тиква и да читаат детска книга наглас, притоа игнорирајќи ги своите миленици.
Експертите ги набљудувале реакциите на кучињата. Околу 80% ги туркале или допирале своите сопственици кога си играле со играчката, готово двапати повеќе отколку тогаш кога си играле со тиквата и четирипати повеќе отколку додека читале.

Една четвртина од кучињата дури и ржеле на играчката, цвилеле и мавтале со опашката, пишува Ројтерс.
„Не можеме да зборуваме за субјективните чувства на кучињата, но се чини дека беа мотивирани да ја заштитат својата врска со сопственикот“, навела Харис.
Експертите сметаат дека љубомората се развила како начин на животинските парови да ги заштитат своите сексуални врски или за тоа младенчињата да се борат за храна и внимание од своите родители.Истражувањето за кое научниците тврдат дека е прв експеримент за кучешката љубомора, би можело да го смени ставот дека комплексните емоции се карак

Пронајдете не на следниве мрежи: