Поради експеримент завршила со 98 МАЖИ:„Тие само сакаат да мафтаат со своите играчки“

„Мажите само сакаат да мафтаат со своите играчки“Нејзината мисија е да се докаже дека состаноците и врските се “здодевни”, “неприродни” и “непотребни”.
Брачниот експерт Сузан Винтер испратила е-маил до Хафингтон Пост, во кој тврди дека нема никаков проблем во средбите со мажи, заради задоволување на телесни задоволства, но концептот на средбите, не ја привлекуваат.
Ваквото размислување критичарите го дочекале “на нож”, обвинувајќи ја дека никогаш не била на состанок со маж, а писателката на њујоршкиот Менхетн се согласила да излезе со било кој маж кој ќе ја покани на состанок.
И така Винтер во текот на следните девет месеци била на 98 состаноци.
Но, тоа не го сменило нејзиното мислење, туку само го зајакнало уверувањето дека тие состаноци се само “презентерска фаза за можен интервал во иднина.”

 

– Врските во денешниот свет се како екстремните спортови, рече Винтер, додавајќи дека тоа е само можност за двете заинтересирани страни површно да парадираат со своите таленти и имотот.
Винтер укажа дека терминот “состанок” го користи во традиционалната смисла на зборот, која е повеќе позната како “додворување”, што, вели таа, значи дека не спиела со сите 98 мажи.
Некои од средбите биле слепи, а мажите ѝ ги препорачале нејзините пријатели или колеги. Другите, пак, преку лични објави, а некои се резултат на специјализираните страници за пребарување партнери.
И покрај разновидноста на средбите, Винтер уште еднаш се разочарала во целиот концепт.
– Мажите мавтаат со своите играчки додека жените парадираат како крави, свињи и коњи. Мажите се надеваат дека жените ќе се фатат за мамката, но мамката не се самите тие, туку нивниот имот – напиша Винтер.
Таа откри дека повеќето од мажите ја искористиле на средбата за да се пофалат со пријателите, а сѐ со цел да ја докажат својата моќ и влијание.
Винтер тврди дека кога-тогаш ќе запознае некој, надвор од рамката на светот на врските.Нејзината мисија е да се докаже дека состаноците и врските се “здодевни”, “неприродни” и “непотребни”.

Пронајдете не на следниве мрежи: