Како функционира валипинот, јужноамериканскиот модел на стаклена градина

Претходно ве запознавме со тоа што е валипин, за што служи и ви прикажавме видео од неговата внатрешност. Денес ќе објасниме како валипинот функционира.Вкопувањето на градината в земја на соодветна длабочина, како и правилно апсорбирање на сончевите зраци и топлина се главните критериуми за правилно функционирање на валипинот.
Валипинот е квадратна дупка вкопана од 1,5 до 2 метри во земјата покриена со проѕирна пластика. Најголемата површина од паралелограмот се врти со лицето кон зимското сонце: кон север на јужната хемисфера, а кон југ на северната хемисфера од Земјата.
Дебел ѕид од раскопана земја на задниот дел на градбата и понизок земјен ѕид од напред придонесуваат за поставување на пластичната површина под потребниот агол. Овој пластичен покрив ја затвора дупката и преку два слоја од проѕирна фолија овозможува максимално апсорбирање на потребната топлина.

Бидејќи е вкопан во земјата, валипинот ја апсорбира и земската енергија, па така е постојано снабден со потребната енергија за успевање на плодовите. Сепак, мора да с еобрне внимание и на заштита од поплави и протекувања, како и на правилна вентилација на валипинот.
Неверојатно е тоа што изградба на еден валипин со 6 метри широчина и 25 метри должина би ве чинела само околу 300 долари. Ефтин и ефикасен, валипинот е одлично решение доколку сакате да продолжите со одгледувањето на плодови и во текот на зимата.Вкопувањето на градината в земја на соодветна длабочина, како и правилно апсорбирање на сончевите зраци и топлина се главните крите

Пронајдете не на следниве мрежи: