Еве зошто суперхероите ја носат долната облека над панталоните и хеланките

Додека постојат и се развиваат бројни теории за оваа појава, вистинското објаснување е мошне просто.Џулиус Шварц, поранешен директор на Ди-Си Комикс од 1944 до 1986, вели дека не станува збор за долна облека, туку за кратки шорцеви кои во тоа време ги носеле професионалните циркуски акробати и професионалните борачи.
Со цел да се истакне атлетската и бобената подготвеност и способности на суперхероите, аниматорите ги цртале со тие шорцеви облечени преку хеланките.
Овој стил прв пат се забележува во стрипот Флеш Гордон во 1934 година, кој бил инспирација за потоа, во 1938 да се создаде Супермен. Супермен е еден од првите, па се верува и првиот супер херој кој имал наметка.
Исто така интересен е фактот дека Супермен прво требало да биде негативен лик, по име Бил Ден, кој сакал да владее со светот. Една година по оваа приказна, Супермен се враќа, но како херој, со алтер его по име Кларк Кент, инспирирано од тогаш славните актери Кент Тејлор и Кларк Гејбл.Џулиус Шварц, поранешен директор на Ди-Си Комикс од 1944 до 1986, вели дека не станува збор за долна облека, туку за кратки шорцеви

Пронајдете не на следниве мрежи: